Анкетата е мотивирана од текстот на BBC каде 79% од луѓето ширум светот веруваат дека интернетот е основно човеково право. Во нивната анкета беа изоставени македонските корисници па затоа поставивме наш прашалник – „Дали интернетот е основното човеково право?“
 
Резултатите се дека 81.1 отсто од 238 посетители (или 193 посетители) веруваат дека интернетот е основно човеково право. Од нив 8 отсто веруваат дека секој човек мора да има можност да чита и да споделува информации. Можеби најголемиот аргумент е што интернетот дозволува глас на луѓето, секој да може да си го каже тоа што го мисли.

Прочитај повеќе