Facebook и Тwitter се блокирани во Египет каде има демонстрации против Хосни Мубарак, кој владее со земјата уште од 1981 година. Според извештаите, организаторите на најголемите протести во последниве години во Египет ги користеле друштвените мрежи за да споделуваат инструкции за како да се избегне полицијата. Како и во Тунис претходно, повици за протести имаше и на Facebook и Twitter каде 90.000 луѓе се пријавија дека ќе бидат присутни, пишува Associated Press.

Прочитај повеќе