Project Re:Brief е иницијатива на Google да го подобри дигиталниот маркетинг преку адаптирање на неколку епски кампањи од историјата на маркетингот за дигиталниот свет. Оваа година интернет маркетингот ќе наполни 18 години. Но, и покрај скоро две декади иновација, дигитални реклами и кампањи, оваа гранка од маркетингот воглавно се користи како дополнување на активностите од […]

Прочитај повеќе

Австралискиот оператор Telstra во Мелбурн отвори ексклузивна продавница за Android уреди, која тие тврдат дека е прва од ваков вид во светот. Во соработка со Google и неколкуте производители на уреди за Android (HTC, Motorola, LG, Samsung и Sony Ericsson) оваа продавница ќе понуди секаков вид уреди и опрема за Android и совети и инструкции […]

Прочитај повеќе

Продолжува потрагата по начини да се синхронизираат Facebook и Google+… со Google+ добивме уште едно место *плус* на кое треба да објавуваме статуси и да бидеме активни, но благодарение на упорноста на некои корисници, откривме дека постои начин како со мал трик да си ја олесните работата и со “еден удар да утепате две муви” […]

Прочитај повеќе

Минатата недела во текстот “Анти-вувузела мерки” објаснив за неколку мерки со кои би можеле да го намалите или целосно избегнете звукот на досадните вувузели кои станаа главна тема на светското првенство во Јужна Африка.. Покрај мал милион Flash игри, Facebook групи, посебни сајтови и петиции со кои се бара забранување на вувузелите, денеска се огласи на оваа тема и Google, со тоа што на YouTube објави опција со која ќе можете при гледањето на било кое видео, да “уживате” во звукот на вувузелите.

Прочитај повеќе

Пред само месец дена, на I/O конференцијата Google го претстави својот најнов проект, Google TV, со кој планира да ја поврзе телевизијата со интернетот. Денеска, Google објави уште едно видео каде што го објаснува концептот и начинот на функционирање на овој сет…

Прочитај повеќе

Nexus Оne e првиот телефон на Google со кој гигантот директно  навлезе на пазарот на мобилни телефони. Благодарение на фактот дека телефонот е брендиран со логото на Google, Nexus One инстантно го доби вниманието на голем број медиуми и интернет корисници. Паметниот телефон е изработен од тајванскиот производител HTC и очекувано доаѓа со мобилниот оперативен […]

Прочитај повеќе

Google Apps Marketplace е место за девелоперите директно да ги продаваат своите апликации на клиентите на Google. На самиот почеток околу 50 софтверски компании се заинтересираa да ги закачат своите бизнис апликации на „облакот“. Апликациите ќе бидат интегрирани во веб базираните Google Apps како на пример Google Docs.

Прочитај повеќе

Нова Македонија објави текст во кој го искритикува она што македонската интернет заедница го бараше подолго време – можноста за преведување од и на македонскиот јазик преку Google Translate. Објаснувајќи ги преводите како “изгубени и во просторот и во времето” се чини дека авторот на текстот не го разбира концептот на кој работи овој преведувачки сервис кој на многу македонски интернет корисници може да им го олесни животот и да им овозможи полесен пристап до информации.

Прочитај повеќе

Го дочекавме и тоа… најпопуларниот сервис за преведување на Google, отсега го разбира и македонскиот јазик. Сеуште нема официјална информација на блогот на Google, но во текот на денот сигурно ќе биде објавена. Ова е одлична вест, сега н многу лесен начин ќе може да преведувате од над 40 јазици директно на македонски, па дури и цели сајтови.

Прочитај повеќе