Интернетот е поголем од било кога. Експанзијата на нови сервиси, експоненцијалниот раст на нови корисници, веб компании кои растат со неверојатна брзина. Можеби е изненадувачки фактот кој следи, но бројките покажуваат дека за ова виновни се – жените.

Прочитај повеќе

Наскоро ќе стартува уште еден .мк сервис за групно купување. Тоа може да се заклучи од профилот на Купуваме.мк, кој е ептен тазе проект. Нивниот Facebook профил кој што е отворен само пред 13-ти февруари, односно пред само десет дена. На профилот има кратко видео и објаснување за што е сервисот, и инфо дека се […]

Прочитај повеќе

Grabnipopust.мк е новитет во низата нови сервиси за групно купување во Македонија. Grabnipopust.mk се уште не ги стартувале своите услуги.

Прочитај повеќе

Како нови веб сервиси на македонскиот пазар, сервисите за групно купување импресионираат со своите стартови. Првин grouper.mk, а сега и Колектива продава импресивен број купони за многу кратко време од стартувањето.

Прочитај повеќе

Друштвената мрежа тестира Buy With Friends сервис. Кога корисникот ќе купи нешто преку апликација, неговиот продукт ќе се појави на неговиот Facebook ѕид. Кога пријателите ќе го видат тоа тие ќе можат да го купат истиот продукт, но на попуст директно од ѕидот, вид на групно купување, објаснува шефот за комерцијалните продукти во Facebook, Дебора Лиу на Inside Social Apps конференцијата во вторник. Интересно, кога ја тестирале опцијата повеќе од 50% од корисниците го споделиле со пријателите тоа што го купиле.

Прочитај повеќе

Новиот .мк сервис за групно купување Grouper.mk се пофали дека за ден и половина по стартувањето успеа да продаде 110 купони за фитнес пакети. Дополнително продадени се и 40 купони за аеробик и 50 купони за топло чоколадо, а во моментов и над 70 купони за пица.

Прочитај повеќе

Google наскоро ќе го претстави Google Offers, сервис за групно купување налик на Groupon, кој пред некој месец одби да се продаде на Google за 6 милијарди долари.

Прочитај повеќе

Сервисот за групно купување и дневни попусти од локални продавници е проценет на 15 милијарди долари, пишува New York Times. Интересното тука е штo Groupon e 2 години старa старт-ап компанија.

Прочитај повеќе

За кратко време во Македонија се најавија два сервисa за групно купување, Grouper и Kolektiva кои планираат во текот на јануари да ја стартуваат е-трговијата нудејќи големи попусти и соработувајќи со разни локални бизниси.

Прочитај повеќе

Следниот месец, во јануари, во Македонија официјално ќе стартува Колектива, веб сајт кој секој ден нуди групни попусти од разни локални продавници, ресторани, бутици, кина… веќе има околу 60 .мк бизниси кои се заинтересирани да ги понудат своите услуги преку сервисот, вели Ванчо Костурски, кој го води Колектива.мк. На почеток ќе биде само во Скопје, а потоа ќе се додадат и другите градови.

Прочитај повеќе