Пред 20 години, тогашниот студент Линус Торвалдс креираше нов кернел за оперативен систем кој веднаш го сподели со остатокот од светот. Овој Linux кернел ќе стане основата за оперативниот систем, име кое е комбинација од името на креаторот и UNIX, оперативниот систем на кој е базиран. За многу брзо време програмерите од цел свет се […]

Прочитај повеќе

Седејќи во ходникот пред преполнетата сала, слушајќи го предавањето на Ричард Сталман во кое зборуваше за слободниот софтвер, рестриктивните лиценци, авторските права и како тие не функционираат во денешниот дигитален свет, си помислив „ова е ветената земја за идејата на Сталман.“ Во Македонија се е слободно, го споделуваме софтверот и со леснотија го игнорираме копирајтот. Во Македонија индустријата нема контрола врз корисникот, контрола која г-дин. Сталман се бори да ја тргне, туку македонскиот корисникот ја фрла индустријата на колена.

Прочитај повеќе

Ричард М. Сталман, таткото на GNU, на 3-ти јуни 2010 на покана од Слободен софтвер Македонија доаѓа во Скопје и ќе одржи предавање насловено „Copyright vs Community in the age of computer networks”. Предавањето ќе се одржи во салата “Милениум 2” во хотелот “ХолидејИн”, влезот е слободен и отворен за сите, предавањето започнува во 18:00 часот и ќе биде на англиски јазик.

Прочитај повеќе

Скоро 200 години се поминати од денот кога Томас Џеферсон, еден од татковците на САД, во своето писмо до Ајзак Мекферсон ќе напише: „Оној кој добива идеја од мене, добива упатство без да ме осиромаши, исто како што оној кој од мојата ламба ќе го запали својот оган, добива светлина без да ме затемни мене“.

Прочитај повеќе