Хакерска група со име Gnosis ги проби Gawker Media, сопственици на познатите ИТ блогови Lifehacker и Gizmodo, како и други сајтови, објавувајќи ги лозинките и мејловите на основачот Ник Дентон, податоци за уредниците на сајтот, FTP логирања, 4 GB од чет логови! и уште 1.3 милиони кориснички имиња и лозинки на луѓето кои коментирале на сајтовите. Објавен е и основниот код на новиот CMS на Gawker, кој заедно со лозинките е спакуван во 500 MB торент фајл закачен на Pirate Bay.

Прочитај повеќе