Ѓоко Крстиќ основач на Zero Science Lab и безбедносен истражувач во Applied Risk пронајде безбедносен пропуст во системите за далечински надзор на потрошувачка на електрична енергија на Optergy Proton. Агенцијата за домашна безбедност на САД (Homeland Security Agency) на пропустот му додели најголема оценка за опасност. Пропустот е во уредот со кој се надгледува и […]

Прочитај повеќе

Неважно во кој програмски јазик програмерите кодираат, се уште не постои таа свест за безбедносно програмирање и користење на безбедносни функции и методологии кога станува збор за развивање на комплетен софтверски пакет за комерцијална или бесплатна апликација, вели Ѓоко Крстиќ, безбедносен експерт од македонската Zero Science Lab, кој објави ново истражување за Balero CMS. Истражувањето […]

Прочитај повеќе

„Македонските хакери им вратија на грчките“, „Косовските хакери го нападнаа Иванов“, „Македонските хакери вратија – го хакнале сајтот на албанскиот претседател“ … ова се дел од бројни неодамнешни наслови кои ја пренесуваат измислената „интернет војна“ меѓу националистичките хакери кои дифејсираат страни на владини институции. Иако се нови инциденти, ваквите вести не се нешто ново. Уште […]

Прочитај повеќе

SOAP Injection, Information Leakage, SQL Authentication Bypass, Rootkits, Social Engineering, Phishing… се бројните теми кои се дискутираа на HackTheHackers настанот организиран од Семос Едукација на 1-ви април во Европски универзитет во Скопје, каде што Никола Николовски, раководител на EC-Council одделот, ја презентираше новата верзија на CEH (Certified Ethical Hacker) курсот, верзија 7. Интересна иронија на денот на шегата е да се дискутира за сериозноста на сајбер нападите :D. Тоа што радува е што на настанот присуствуваа над стотина луѓе, од кои повеќето беа претставници од владини организации и телекомуникациски компании, што дава поттик да се организираат вакви настани се почесто со цел да се информира, едуцира и развие свеста за информациската безбедност.

Прочитај повеќе

Zero Science Lab e македонска лабораторија за истражување и развој на ИТ безбедноста. Лабораторијата од денеска стартува со нов 2.0 дизајн и е отворена за соработка за пронаоѓање на софверски ранливости и подобрување на безбедноста.

Прочитај повеќе

Пред околу 15 дена, пронајдов три слабости во еден од софтверите на компанијата Adobe.
За сега, нема да го именувам името на софтвер пакетот и неговите ранливости, туку само на кратко ќе го опишам процесот на пријавување на слабости кон Adobe и неговите продукти.

Прочитај повеќе

Добро познатиот гигант Adobe и неговиот софтвер After Effects претставува едно големо олеснување на луѓето во телевизиската индустрија. Иако Adobe After Effects (AAE) може да се користи како за пост-продукција така и за пре-продукција во филмската индустрија, од типот 2D анимација, исто така може да се користи и за скечеви, најави за вести, цртани филмови, мултимедијални CD-a, веб анимации и т.н. Во овој пост, накратко ќе ве запознам со можностите на ААЕ со неколку примероци, но нема да пишувам step-by-step туторијал за направените видеа/анимации.

Прочитај повеќе

Уште од поодамна, работев со неколку алатки за тестирање на сигурноста на напишаниот код односно Source Code Audit, алатки кои помагаат автоматски да си ги увидите грешките од кои доколку ги промашите, може да произлезе сериозен проблем во вашите апликации и да бидат цел на разни слабости или напади или пак неочекувани исклучувања и сл.

Прочитај повеќе

Секоја компанија, зависно од нивната примарна цел, врши годишен или полугодишен извештај со статистички резултати и предвидувања околу работната индустрија. Досега, (барем јас колку можев да најдам) ви претставувам 4 сигурносни извештаи за 2007 година и предвидувања за 2008, како и статистичка споредба до 5 или повеќе години наназад.

Прочитај повеќе