Google, Facebook, Ebay, Dailymotion… се меѓу неколкуте сервиси кои ќе одат на суд против француската влада на суд, бидејќи одбиваат да го почитуваат законот со кој се бара од нив да складираат кориснички информации.

Прочитај повеќе

Хакери користејќи phishing техники успеале да пробијат 150 компјутери од француското Министерство за финансии и да украдат документи поврзани со Г-20 организацијата чиј овогодишен собир ќе се одржи во Париз. Слични напади беа видени и против канадското Министерство за финансии во јануари. Канада беше гостин на минатогодишниот собир на Г-20.

Прочитај повеќе

Во борба против пиратеријата Франција или користи екстремни или креативни идеи. Екстремниот начин е претењето со закон во три чекори Hadopi со кој се гаси пиратот од интернет, закон со кој некои интернет провајдери не се согласуваат.

Прочитај повеќе

Десеттина држави во писмо до Ерик Шмит, директорот на Google, го изкажаа незадоволството за приватноста на Buzz, најновата друштвена мрежа на Googlе, и Street View и побараа од интернет гигантот да воведе принципи за приватност кои ќе бидат пример за другите.

Прочитај повеќе

Францускиот парламент со 285 гласа за и 225 против го усвои контроверзниот HADOPI 2 закон. Ова е втора верзија на законот од три чекори со кој властите ќе можат да ги исклучуваат од интернет сите кои споделуваат пиратска содржина. Пиратите првите два пати ќе бидат опоменати преку имејл, односно писмо, а третиот пат кога ќе бидат фатени да споделуваат содржина ќе бидат исклучени од интернет.

Прочитај повеќе

Според весникот Le Monde, француската влада размислува за нов закон „Loppsi 2″ кој ќе овозможи државата да инсталира софтвер кој ќе ги „набљудува, збира, снима, зачувува и пренесува“ сите куцања по тастатурата на компјутерот каде тој софтвер е инсталиран, односно легализација на тројански софтвер во компјутерите.

Прочитај повеќе

Подолу ќе пронајдете неколку нови компании, вклучувајќи ги и победниците,
кои се појавија на петтата LeWeb конференција која се одржа во Париз на 9-10 декември. LeWeb првпат се одржа во 2005 година и од тогаш конференцијата привлекува голем број на нови проекти, односно проекти/фирми почетници во ИТ светот.

Прочитај повеќе