Color е нова апликација за iPhone и Android за брзо, мобилно и јавно споделување фотографии и видео. Покрај споделувањето фотографии и видео, една од опциите е што Color сам избира кои фотографии ќе ви ги прикаже зависно од локацијата на која сте.

Прочитај повеќе

Многу корисници не се задоволни од новиот „театарски“ интерфејс на Facebook за прегледување на фотографии. Иако е интересен, фотографиите се центрирани на црна позадина со цел вниманието на корисникот е комплетно насочено кон фотографиите, сепак црната позадина може да биде напорна при прегледување на повеќе фотографии. Всушност, и со само прегледување на една фотографии, промената на позадините може да нервира. Се навикнавме на стариот интерфејс, а и немаше никаков проблем со него. Ако не е скршено, не го поправај, нели?

Прочитај повеќе

Новиот Facebook интерфејс за прегледување на фотографиите иако најавен поодамна, сега стартува постепено за сите корисници. Промените почнуваат полека, и ќе се појават на сите профили во текот на следните неколку недели.

Прочитај повеќе

Google стартува неколку новина за својот Docs веб сервис, интегрирајќи опција налик на Gmail-oвата priority inbox, со која ќе може да се сортираат документите според приоритет, според последен датум на промена или по име. Оваа опција, вели Google, ќе овозможи полесно и побрзо организирање на документите.

Прочитај повеќе

Според грешка во iOS 4.3 Beta 2 која прикажува PHOTOSTREAM_NO_NETWORK_WIFI порака, Gizmodo и 9to5 Mac откриваат дека Apple спрема нов сервис за споделување фотографии со пријателите, налик на споделувањето фотографии на Facebook, кое најверојатно ќе се појави со новиот iPhone 5 и iPad 2.

Прочитај повеќе

Преку новогодишниот викенд на друштвената мрежа се закачени рекордни 750 милиони фотографии, вели Facebook во својот твит со линк до вашите фотографии. Овие рекордно закачени фотографии сигурно ќе придонесат да се зголеми статистиката од над 30 милијарди парчиња содржина, како постови, линкови, фотографии, кои се закачени и споделени секој месец на мрежата.

Прочитај повеќе

Креативното манипулирање на петте воведни слики на Facebook профилите стана навистина интересен тренд на мрежата. Изгледа Facebook го погоди моментот кога рече дека „петте слики говорат повеќе за човекот од другите информации“.

Прочитај повеќе

Foursquare за iPhone апликацијата сега има опција за додавање фотографии и коментирање. Двете опции, заедно со страната за историја за сите места на кои корисникот бил, се опции кои сега ќе можат да го направат поатрактивен сервисот за локација, кој од неодамна има над 5 милиони корисници.

Прочитај повеќе

На Facebook 500-те милиони корисници секоја минута споделуваат над 50 илјади линкови. Тоа е неверојатно количество на информации. Додадете ги над 66.000-те тагирања на 135.000 фотографии закачени секоја минута, скоро 80.000-те „среќен роденден“ постови, и над 98.000 одобрени пријателства секоја минута, и добивате јасна слика колку ни е важна комуникацијата. И зошто Facebook е толку голем.

Прочитај повеќе

Случајно, некои Facebook корисници добија пристап до нови прототип опции и сервиси на друштвената мрежа. По четириесетина минути од објавување на новите опции Facebook го изгаси сајтот, ја врати првобитната верзиjа и се извини за изгасеното време. Но, четириесетина минути се доволно време за да се кликне „print screen” и да се дознае за новите фан страни, интерфејсот за фотографии и за опцијата „Мемории“ за прегледување на севкупните активности на корисникот од приклучување на мрежата.

Прочитај повеќе

Новите „сугестии за тагирање“ на Facebook која ќе стартува во наредниве месеци автоматски ќе им предложува на корисниците кого да означат на фотографијата користејќи технологија за препознавање на лице.

Прочитај повеќе

Facebook ќе дозволи закачување слики со висока резолуција, односно корисниците ќе можат да објават слика со 2048 пиксели резолуција, наместо досегашните 720. Мрежата исто така ќе дозволи и закачување слики со висока резолуција, како и ќе се воведе мулти-тагирање за тагирање на лица на повеќе слики.

Прочитај повеќе