Дали се сеќавате на причината поради која ставивте Интернет на домашниот компјутер? Што ве заинтересира од глобалната мрежа, што очекувавте? Ова е интересна тема на форумот каде форумџиите ги споделија својот прв контакт со Интернет. За Hijack Hackеr при првото отварање на страната на Google „бледо го гледав, незнаев од каде да почнам, и што воопшто да правам“.

Прочитај повеќе

Форумџиите стартува тема за креирање листа на странски онлајн продавница кои испорачуваат во Македонија, со и без поштарина и слични давачки. Листата не е конечна, туку е направена пред се според искуството на форумџиите, односно поголемиот дел од продавниците на мини-листата се проверени, некој или порачувал од нив или со сигурност знае дека вршат испорака во Македонија.

Прочитај повеќе