Аngry Birds се појави во Chrome Web Store како самостоен веб сервис кој користи HTML5 технологии со можност да се игра во висока дефиниција преку новите Chrome, Firefox 4 и Internet Explorer 9, додека постарите верзии на Firefox можат да играат само во стандардна дефиниција.

Прочитај повеќе

Мicrosoft го објави првиот преглед на платформата на Internet Explorer 10, иако 9-ката беше објавена само пред месец дена. Најверојатно бидејќи IE 9 беше изграден од почеток, им дозволи на Microsoft полесно и побрзо да го надградуваат прелистувачот кој и покрај „револуционерниот“ редизајн пак е далеку зад новите Chrome 10 и Firefox 4 според популарноста и функционалноста.

Прочитај повеќе

Firefox 4 донесе многу поделени мислења во однос на драстично променетиот интерфејс. На многумина им се допаѓа, но повеќето мислат дека е едноставно „чекор назад“. Тоа може да се види од оваа активна тема на форумот, а и низ мрежата се шират побарувања за хакови кои ќе им помогнат на корисниците кои си го сакаат стариот интерфејс да ја добијат пак таа функционалност.

Прочитај повеќе

За 24 часа Firefox 4 е симнат 7.1 милиони пати. Ова е скоро три пати повеќе од симнувањата на неодамна објавениот Internet Explorer 9 со 2.3 мил. за 24 часа, но и за 1 милиони покусо од претходниот рекорд од 2008-ма кога Firefox 3 се симна околу 8 милиони пати за 24 часа.

Прочитај повеќе

Google го пушти Chrome 11 во бета со кул новини само ден откако се објави новиот Firefox 4 кој се уште се симнува, моментално се симнати 5.6 милиони „огнени лисици“.

Прочитај повеќе

Ако не ја симнавте новата верзија на Firefox од FTP серверот, сега можете да ја симнете од официјалната страница на македонски јазик.

Прочитај повеќе

<Надополнето>Објавена е официјната верзија на Firefox 4. Повеќе ќе прочитате тука. </надополнување>
 
Иако се очекува новиот Firefox 4 да биде официјално претставен покасно денес, сепак финалната верзија од прелистувачот е достапен за симнување во моментов преку FTP сервер. Преку серверот ќе најдете фолдери зависно од оперативен систем, а во нив ќе најдете и верзија на македонски јазик.

Прочитај повеќе

Mozilla Firefox 4 најверојатно ќе се појави на 22 март, тоа е за недела дена од сега, но само доколку нема некоја посебно незгодни грешки и багови во финалната тест верзија на прелистувачот, вели од Демон Сикоре од Mozilla.

Прочитај повеќе

Моzilla Firefox 4 Release Candidate 1 е достапен за симнување на македонски јазици. Firefox 4 RC 1 ги содржи новините како Sync и Panorama. Но, oваа верзија на прелистувачот не е конечна, туку е кандидат за објавување, сè уште во фаза на тестирање и собирање фидбек од корисниците, па може да се појави по некој проблем при користењето.

Прочитај повеќе

Mozilla Labs го претстави Prospector: Instant Preview додатокот на Firefox 4 бета, кој овозможува да прегледате веб страни додека пребарувате во Awesome барот. Тоа значи дека прелистувачот ќе ги отвори веб страните да видите како изгледаат пред да кликнете на нив, налик на Google-овото инстант прегледување на страни.

Прочитај повеќе

Благодарение на заедницата на слободен софтвер Firefox 4.0 бета сега е достапeн на македонски јазик. Firefox 4 е новиот, редизајниран прелистувач од Mozilla кој моментално поминува неколку бети за да се оптимизира истиот преку корисничкото искуство.

Прочитај повеќе

Петата бета верзија на Mozilla Firefox 4 го претстави аудио API-то, има промена на менијата за Windows верзијата и сега хардверска акцелерација е вклучена по зададено (default), што ќе го направи прелистувачот побрз, ќе има побрза графика и побезбеден HSTS протокол кој инсистира Firefox секогаш да користи безбедна конекција.

Прочитај повеќе