Досегашнииот извршен директор Ерик Шмит, кој го водеше Google 10 години, почнувајќи од 2001-ва кога основачите Лери Пејџ и Сергеј Брин имаа само 28, односно 27 години, се повлече од функцијата наведувајќи во блог пост дека одлуката е „заради поедноставување на менаџментската структура и забрзување на одлуките“.

Прочитај повеќе

Замислете си го следново сценарио: добивате доста добра идеја за онлајн проект (нешто големо како Facebook или Twitter) што досега не е реализирано на интернет, го тестирате замисленото на мала група на луѓе околу вас и според сите очекувања добивате позитивни резултати и го имате она чувство во себе дека сте пронашле нешто уникатно и посакувате да извикате “еурека!”. Се решавате да преминете на сериозен бизнис… но за да ја реализирате идејата набрзо сфаќате дека ви се потребни ресурси – програмери, дизајнери, сервери, корисничка поддршка, канцеларии, маркетинг и сл. Знаете дека евентуално ќе тргне работата и ќе можете тогаш да ги извадите потребните средства, но што дотогаш? Како да почнете за да дојдете до таа фаза? Од каде да ги најдете тие пари и материјална поддршка?

Прочитај повеќе

Дали сајт/сервис како Twitter само на македонски би функционирал во Македонија? Темата беше поставена на Кајмак.от по што веднаш доби негативни критики дека сервисот не би успеал, дека ќе заврши како некои други македонски сервиси на кои се објавуваат содржини во стил „кој колку испил“ и коментaри од видот „девојка прва класа. аа кој те сликашее тука? =) најубавааа!“ кои можат да се најдат на македонските друштвени мрежи.

Прочитај повеќе

Вчера се објавија две вести за купување, односно спонзорирање на два ИТ проекти. Првин се објави веста дека српската друштвена мрежа Poznanici.com е купена од Daily Mail со 51% удел во компанијата за сума која што не е објавена. Poznanici.com е популарна друштвена мрежа со преку 100.000 регистрирани корисници и 1.5 милион клика дневно.

Прочитај повеќе