Сите веќе ги познаваат глобалните уништувачи на продуктивноста како Farmville или Mafia Wars, тие игри се доволно едноставни за секој да им пристапи, а друштвениот елемент спретно се користи за да ве натера да се вратите претерано често. Сега доаѓа нов играч во глобалното село наречен Triple Town кој несомнено пробива низ ѕидините на Farmville […]

Прочитај повеќе

Неодамна пишавме  за можноста Google наскоро да претстави платформа за друштвени игри на Google+, и тоа предвидување се оствари во најбрз можен рок. Google+, најбрзо растечката друштвена мрежа до сега, официјално ја претстави платформата за друштвени игри, која треба да биде директен конкурент со онаа на Facebook. Со стартување на платформата за друштвени игри, Google+ […]

Прочитај повеќе

На овогодинешното издание на DefCon се појави десет годишно девојче кое откри нов начин за инфилтрирање малициозни програми во паметните телефони. Девојчето, кое се има претставено под името CyFi, ја има откриено дупката играјќи игра слична на FarmVille. Бидејќи овие игри бараат од играчот да чека за да може да продолжи, CyFi не можејќи да […]

Прочитај повеќе

Zynga, компанија стартувана во 2007-ма година која стана хит поради друштвените игри на Facebook, како FarmVille, MafiaWars и многу други, ќе излезе на берзата во јавно надавање од кое се очекува да собере 1 милијарда долари. Со тоа вредноста на компанијата може да се искачи на 20 милијарди долари, што е двојно повеќе од 8-те милијарди долари колку вреди Electronic Arts, компанија која креаира малку посериозни игри.

Прочитај повеќе

Empires & Allies стартува на 1-ви јуни на 12 различни јазици. Друштвената игра е прва игра од Zynga каде играчите ќе пресметуваат меѓу себе, што е различно од претходните друштвени игри кои беа на фарми или по градови барајќи од играчите да размислуваат за економија.

Прочитај повеќе

Zynga на 17-ти мај ќе го стартува GagaVille кое е посебно дизајнирано место во популарната друштвена игра FarmVille каде посетителите ќе имаат шанса ексклузивно да ја чујат првата се-уште-необјавена песна од „Born This Way“ албумот на Лејди Гага, и да видат овци во кожни јакни на мотори, еднорози, кристали… целата екстравагантност на поп ѕвездата смалена во пиксели… и на фарма.

Прочитај повеќе

RewardVille е нова програма со која играчите на FarmVille, CityVille и други популарни Zynga игри ќе добиваат поени, виртуелни пари и ќе се отклучуваат екслузивни виртуелни добра преку неколку платформи.
RewardVille е достапна за сите 250 милиони играчи на друштвените игри CityVille, FrontierVille, FarmVille, Mafia Wars, Zynga Poker, Café World, Treasure Isle, YoVille, PetVille и Vampire Wars.

Прочитај повеќе

Стартувана само пред 40 дена, најновата друштвена игра CityVille на Zynga стана првата Facebook апликација која стигна до 100 милиони месечни играчи. Oва е според статистиката на AllFacebook, додека AppData прикажува бројка од 99.9 милиони играчи, но земајќи в предвид дека играта забележува нови 3-500.000 играчи дневно, тогаш бројката дефинитивно е надмината.

Прочитај повеќе

Zynga забележува неверојатен успех со својата нова игра CityVillе која ја надмина популарната FarmVille според бројот на играчите. Се чини 16.8 милиони луѓе дневно си градат свој град, наспроти 16.4 милиони фармери, според статистиката на AppData.

Прочитај повеќе

Zynga ја објави CityVille, најновата друштвена игра која наликува на мешавина од популарната со 60 милиони играчи месечно FarmVille и познатата SimCity. Во CityVille играчот води свој град, на почеток само соседство за потоа да стане метропола, преполна со продавници, бизниси, декорации, граѓански сервиси…

Прочитај повеќе

Zynga стартува нова друштвена игра CityVille која им нуди на играчите да си направат своја фарма, свој град со бизниси, куќи за граѓаните, со сервиси како пошта, пожарникари, школи, болници, ресторани… всушност ова е SimCity, но поедноставна и креирана за друштвениот Facebook.

Прочитај повеќе

FarmVille на Facebook е доста популарна игра, ја играат над 80 милиони играчи месечно. Очигледно обработувањето земја, одгледувањето зеленчук, овошки и чување стока е доста примамлива забава. Секако, повеќето играчи се закачија на играта заради друштвениот аспект, споделување на достигнувањата со пријателите, но после толку време потрошено сигурно сега има и „хардкор“ гејмери…

Прочитај повеќе