Со FriendFeed, Facebook може да стане Google зa друштвените мрежи. Пребарувањето во реално време денеска е доста интересна алатка посебно ако се земе во обзир дека на Facebook има 250 милиони корисниците секој со по најмалку 100 пријатели, кои секојдневно се на мрежата и кои секојдневно постираат.

Прочитај повеќе

Според податоците од Аlexa, сајтот за мерење на интернет сообраќајот, забавниот портал Kajgana.com и неговиот форум се најпосетуваните македонски веб страни. Kajgana се наоѓа на 5 место зад гигантите какo Google, Yahoo, YouTube, Facebook и Microsoft Live. Но уште поинтересно е што во последните месец дена Kajgana бележи неверојатен раст според времето потрошено на сајтот и форумот.

Прочитај повеќе

Иако беше надвор од сцената повеќе од 10 години, смртта на Мајкл Џексон предизвика феномен што сруши неколку сајтови, a интересот за неговата смрт го натера Google да се уплаши поради огромниот број посетители бидејќи „верувавме дека се работи за хакерски напад“, изјави Google за BBC.

Прочитај повеќе

Article 29 групата составена од експерти за заштита на податоците и приватност и дел од Европската Комисија, смета дека користењето на OpenID платформи може да ги злоупотреби личните податоци на корисниците. OpenID е платформа како Facebook Connect и др. која овозможува користење на едно корисничко име за повеќе платформи и овозможуваат овие платформи да бидат вклучени на други сајтови, пример коментирањето на IT.com.mk функционира преку Facebook Connect, односно можете да оставите коментар преку логирање со вашиот Facebook профил, без да отварате корисничко име директно на сајтот.

Прочитај повеќе

Медиумите во еден здив ја проширија веста за тоа како Министерството за внатрешни работи отворило своја „неофицијална“ страна на Facebook. Одлична идеја на прв поглед, дури е консултирана и Дирекцијата за заштита на лични податоци за оваа намера, од каде што велат дека нема никакви прекршувања на законот. Но, што е со Facebook? Ги праша ли некој нив дали не се прекршени нивните "закони" и правила за приватност и дали дозволуваат владини институции да ја користат мрежата за вакви цели?

Прочитај повеќе

Друштвените мрежи сами по себе се феномен, уште во раните почетоци преку mIRC до сегашните гиганти со 170 милиони корисници (Facebook). Вистинското искуство со интернетот е да се знае кои сервиси да се користат за да се стигне до тоа што не интересира. Така можеби не ви одговара начинот на Facebook, можеби сте повеќе заинтересирани за професионална друштвена мрежа преку која се прават контакти, или пак сакате кратки и брзи разговори? Подолу ќе најдете неколку друштвени мрежи и се надевам ќе ја најдете таа што највеќе ви се допаѓа и ќе го искористите своето онлајн време уште поквалитетно.

Прочитај повеќе