Facebook e огромен на Балканот. Друштвената мрежа за само 1 година доживеа огромен раст со двојно, некаде и тројно зголемување на бројот на Facebook корисници во балканските земји. Од над 350 милиони корисници ширум светот околу 23 милиони се од Балканот.

Интересно е што иако Турција има над 17.5 милиони Facebook корисници, Грција има над 2 милиони, Србија има 1.5 милиони, Хрватска и Бугарија скоро 1 милион… сепак aко се спореди бројот на Facebook корисници со бројот на популацијата, бројките велат дека друштвената мрежа е најпопуларна во Македонија.

Прочитај повеќе