Дали ви се случило некогаш да напишете порака до некого и да останете тотално неразбрани, или пак сосема погрешно разбрани? Текст базираната комуникација често носи емоционални подтонови, и изборот на погрешни зборови може да не стави во непосакувана ситуација. Ова е доста очигледно во електронската пошта, која е еден од основните начини на дигитална комуникација каде што откако ќе го пратите мејлот немате шанса да се објасните веднаш, туку ќе треба нови и нови мејлови.

Прочитај повеќе

Хедер Најт од Marylin Monrobot лабораторијата на својот TED говор претстави робот, вештачка интелигенција која не само што кажува научени вицеви туку прави стендап изведба ориентирајќи се според расположението на публиката или „харизматична изведба на робот“. Роботот користи камера и микрофон да ги препознае боите на картичките преку кои публиката го искажува мислењето за шегата, по што продолжува да се адаптира во својата стендап комедија.

Прочитај повеќе