Пред скоро една година Министерството за информатичко општество стартуваше едукативна тв емисија за Еdubuntu, оперативниот систем на кој работат училишните компјутер од проектот „Компјутер за секое дете“.

Прочитај повеќе

Прирачникот „Како да го направите компјутерот полесен за употреба – пристапни опции во Edubuntu LINUX“ е издаден во рамките на проектот „Лицата со хендикеп се активни граѓани“. Авторите Арангел Ангов и Радмила Стојковска Алексова ги опишуваат пристапните опции во Edubuntu LINUX, кои им овозможуваат на лицата со хендикеп (на пр. со оштетувања на видот, моторни нарушувања, интелектуална попреченост) да го користат овој оперативен систем. Прирачникот го издава фондацијата Метаморфозис, центарот за лица со хендикеп Отворете ги прозорците и Слободен Софтвер Македонија.

Прочитај повеќе

Емисијата „Едубунту“, која е проект на МИО и на ФОН универзитетот, ќе започне да се емитува на Македонската Радио Телевизија секој работен ден на македонски и на албански јазик. Термините се 10:35 и 14:30 на првиот сервис т.e МТВ1 и 9:30 и 13:00 на МТВ2.

Прочитај повеќе