Се чини дека моделот со претплата зазема сè поголем замав и пушта флексибилни корени и во гејмерската индустрија. Иако сѐ уште не е официјално потврдено, издавачите Ubisoft би можеле набргу да понудат Ubisoft пропусница. Сликата која сосема случајно се најде на нивниот сајт беше молневито брзо повлечена. Меѓутоа, страната на која се најде, односно одделот […]

Прочитај повеќе

The Sims 4 е бесплатна за сите фанови на овој долго-годишен серијал. Основната игра може да биде ваша за играње преку продавницата и клиентот на издавачите ЕА. Сè што треба да направите е да кликнете тука и да си зграпчите копија. Ви препорачуваме да одите преку сајтот, а не преку клиентот затоа што многу корисници […]

Прочитај повеќе

Лудилото по Battle Royale игрите никако не стивнува. PUBG и Fortnite не само што сѐ уште се на тронот, туку и нови игри неуморно пробуваат да се искачат на врвот и да го делат и онака тесното место. Apex Legend никој не ја очекуваше. Дојде тивко, но веќе успеја да спечали скоро 100 милиони долари. […]

Прочитај повеќе

Подемот на џинот Порано, работите се чинеа крајно едноставни. Купувавте игра на CD, ја инсталиравте и ја игравте. Кога сакавте и како сакавте. Со напредокот на технологијата и желбата за иновација и поголем профит за компаниите, ситуацијата почна да се менува. Valve, компанијата зад феноменалните серијали како Half-Life и Counter Strike, отвори продавница и клиент […]

Прочитај повеќе

Battlefield 1 успеа да нè импресионира не само со феноменалната кампања, туку и со бројните модови за меѓусебно препукување. Проширувањата кои излегоа за мрежниот дел значително ја проширија забавата. Фановите на основната игра кои не ја купија сезонската пропусница имаа можност бесплатно да ги зграпчат сите додатоци во еден или друг период од годината, но […]

Прочитај повеќе

Никој ниту очекуваше, ниту пак бараше игра како Unravel, но насловот сепак дојде и се вдоми во многу срца со симпатичната креативност. Никој не очекуваше ни продолжеток, но за време на Е3 настанот, продолжеток сепак добивме. Unravel 2 е сѐ што беше првата игра и многу повеќе. Фановите, овој пат, можат да започнат ко-оп авантура […]

Прочитај повеќе

EA Games со Origin е далеку по бројот на игри од Steam. Сепак иако генерално ова е недостаток, EA успеа да пронајде начин да профитира. Компанијата најави нов сервис Origin Access Premier со кој сите игри, дури и најновите ќе им бидат достапни на претплатниците. Секако претплатата не е секогаш најдобриот избор, можеби некои игри нема […]

Прочитај повеќе

Да се каже дека Star Wars: Battlefront 2 помина лошо би било потценување од епски пропорции. Издавачката куќа ЕА вложи сериозни напори да ги зацементира гејмплеј механиките на начин на кој едноставно моравте да посегнете по паричникот и да трошите вистински пари на игра која, според сите показатели, беше сосема просечна. Поради преголемата контроверзност и […]

Прочитај повеќе

Во месецот февруари се очекуваат триесетина исклучително квалитетни игри. Ни конзолите нема да бидат запоставени и гејмерите конечно ќе можат да се втурнат во EA Sports UFC 3 и да ја издвојат ултимативната победа во рингот. Екслузивно за PS4, ќе се појави надградената верзија на PS2 хитот, Shadow of the Colossus, а истиод ден ќе […]

Прочитај повеќе

Kои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, педесет и шесто издание. Blizzard планира уште три експанзии за Hearthstone само во 2018 година. Експанзиите ќе се одликуваат со целосни нови шпилови од карти, нови мисии, но не и Adventures. Според студиото, имаат проблем со балансирање во […]

Прочитај повеќе

По бурните реакции на фановите, Star Wars Battlefront II доби дополнителни промени, но најновата промена никој не ја очекуваше, а тоа е целосно отстранување на валутата која може да се купи со вистински пари, неколку часа пред официјалното излегување на играта. По катастрофално-лошиот прием од гејмерите не само на економијата, туку и на системот за […]

Прочитај повеќе

Со неодамнешната прилика да се провери Star Wars Battlefront II, бројните фанови бурно изреагираа од клучниот систем кој е врзан со отворање кутии плен и може да им даде значителна предност во мрежниот дел на сите оние кои ќе се решат да трошат вистински пари. Издавачите EA се изјаснија дека ќе извршат промени во системот […]

Прочитај повеќе