Bing.com сега како резултати од пребарувања ќе покажува „Like” информации од Facebook Instant Personalization. Ова значи дека кога корисникот, кој е претходно логиран на Facebook, ќе пребарува на Bing покрај стандардните резултати ќе се појавуваат и лицата на неговите пријатели кои кликнале Like на тој линк. Најдобар пример е пребарување на филм, музика или слика. Кога ќе пребарувате некој филм интересен за вас ќе видите и на кој од вашите пријатели му се допаднал тој филм, како на сликата погоре.

Прочитај повеќе