Тop Eleven стана една од најголемите фудбалску апликации на Facebook, со 85.000 играчи повеќе од Fifa Superstars на Electronic Arts. Друштвената игра на српската Nordeus, компанија од поранешни инженери од Microsoft, со седиште во Белград, Тел Авив и Даблин, дневно има 702.000 активни играчи, или 2,87 милиони играчи месечно.

Прочитај повеќе

Empires & Allies стартува на 1-ви јуни на 12 различни јазици. Друштвената игра е прва игра од Zynga каде играчите ќе пресметуваат меѓу себе, што е различно од претходните друштвени игри кои беа на фарми или по градови барајќи од играчите да размислуваат за економија.

Прочитај повеќе

Стартувана само пред 40 дена, најновата друштвена игра CityVille на Zynga стана првата Facebook апликација која стигна до 100 милиони месечни играчи. Oва е според статистиката на AllFacebook, додека AppData прикажува бројка од 99.9 милиони играчи, но земајќи в предвид дека играта забележува нови 3-500.000 играчи дневно, тогаш бројката дефинитивно е надмината.

Прочитај повеќе

Zynga забележува неверојатен успех со својата нова игра CityVillе која ја надмина популарната FarmVille според бројот на играчите. Се чини 16.8 милиони луѓе дневно си градат свој град, наспроти 16.4 милиони фармери, според статистиката на AppData.

Прочитај повеќе

Друштвената и чудна игра Pet Society во која Facebook корисниците чуваат виртуелни миленичиња со свои куќички, облека и мебел продава 90 милиони виртуелни предмети дневно!, открива Себастиен де Галеус, ко-основач на Playfish, на LeWeb конференцијата.

Прочитај повеќе

Zynga ја објави CityVille, најновата друштвена игра која наликува на мешавина од популарната со 60 милиони играчи месечно FarmVille и познатата SimCity. Во CityVille играчот води свој град, на почеток само соседство за потоа да стане метропола, преполна со продавници, бизниси, декорации, граѓански сервиси…

Прочитај повеќе

Zynga стартува нова друштвена игра CityVille која им нуди на играчите да си направат своја фарма, свој град со бизниси, куќи за граѓаните, со сервиси како пошта, пожарникари, школи, болници, ресторани… всушност ова е SimCity, но поедноставна и креирана за друштвениот Facebook.

Прочитај повеќе