Бројот на инциденти со огнено оружје во САД често се во централните вести. Токму ова е причината поради која производителите на оружје се обидуваат да понудат побезбедно оружје. Motherboard направи интересен документарен филм за: опасностите од традицоналното оружје; предизвиците пред производителите на паметно оружје и отпорот на конзервативните сопственици и љубители на оружје.

Прочитај повеќе

Before the Flood, документарецот за климатски промени на Леонардо ди Каприо кој го најавивме пред два дена е достапен бесплатно за гледање на YouTube и други платформи. Во него се дискутираат темите за што човештвото треба да направи за да не настрада од катастрофалното пореметување на балансот на нашата планета.

Прочитај повеќе

Ова е документарец за девојки од разни градови и земји кои се учат да програмираат и да создаваат апликации што можат да им помогнат на нивните заедници. Документарецот е дел од Google-овата иницијатива Made with Code.

Прочитај повеќе

Најголемите иноватори и научници на полето на технологијата оваа година се гласни кога се во прашањето роботите и паметните машини. Голем број од нив како Илон Маск и Стивен Хокинг предупредуваат на опасностите од „паметни“ машини кој ќе можат самостојно да носат одлуки.Најверојоатно двата најстрашни роботи во моментов доаѓаат под покровителство на DARPA, а станува […]

Прочитај повеќе

Дваесет и пет години откако беше креирана светската мрежа, се соочивме со најголемата контроверзија во постоењето на Интернетот – прислушувањето. Вака BBC го најави својот нов документарец Inside the Dark Web од Horizon серијалот во кој се разгледува како властите со леснотија ја следат секоја наша активност на Интернет. Ако пред само две години глобалното […]

Прочитај повеќе

Познат по својата борба против контроверзните закони како SOPA, интернет активистот Арон Швартц е херој помеѓу интернет активистите. Неговата смрт, самоубиство предизвикано од притисокот на американските обвенители кои бараа 35 години затвор за кражбата на заштитените дела на дигиталната библиотека JSTOR; беше повик за многу други да ја продолжат неговата работа и да ја претстават […]

Прочитај повеќе

Да се стартува нова компанија е едно од поедноставните нешта, ќе ви речат претприемачите. Но, да ја направите таа компанија успешна со нов продукт кој ќе го револуционира пазарот, е за тоа треба знаење, среќа и многу, многу труд. YES Инкубаторот ве води низ инспиративните приказни на некои од најуспешните претприемачи од светот преку документарниот […]

Прочитај повеќе

Веќе еднаш пишувавме за Downloaded кога најавивме дека документарецoт за Napster ќе биде објавен на 10-ти март на SXSW конференцијата. Но, сега се појави првиот краток исечок од филмот за сервисот кој ја промени музичката индустрија и им направи проблеми на музичарите, со тоа што им ја намали продажбата, и ја започна пиратската револуција. Филмот […]

Прочитај повеќе

Како што беше најавено некаде во средината на јануари, документарецот за најголемиот торент тракер во светот – The Pirate Bay беше официјално прикажан на 8-ми февруари. TPBAFK или The Pirate Bay: Away from Keyboard е режиран од Симон Клосе и ги следи животите на тројцата основачи на The Pirate Bay. Прикажани се судските процеси низ […]

Прочитај повеќе

Еднаш веќе пишувавме за TPB:AFK и го најавивме документарецот за The Pirate Bay, а еве го дочекавме и официјалниот датум кога истиот ќе биде премиерно прикажан. Проектот е финансиран преку Kickstarter, издаден под Creative Commons лиценца и ќе биде прикажуван онлајн во исто време со својата премиера на Интернационалниот филмски фестивал во Берлин. Инаку, веќе […]

Прочитај повеќе

На овогодинешната конференција SXSW (South by Southwest) премиерно ќе биде прикажан документарецот „Downloaded“ на кој е прикажано раѓањето на Napster и животот на двајцата основачи, Шон Паркер и Шон Фенинг, кои водеа битка со музичката индустрија. Од почетокот на 1998 година, peer-to-peer сервисот ја промени музичката индустрија, подоцна и останатите, при што предизвика големи последици […]

Прочитај повеќе

The Pirate Bay е основан во 2003 година од страна на шведската анти-авторска организација Piratbyran. Нешто помалку од 10 години од основањето, најавен е документарец кој треба да го претстави најпознатиот светски BitTorrent тракер и неговото функционирање од почетокот до денес. Документарецот би требало да биде објавен напролет и нормално, ќе биде достапен за бесплатно […]

Прочитај повеќе