Google го претстави people виџетот за истакнување на пријателите и луѓето со кои се допишувате, односно на лева страна на Gmail добивате повеќе информации за која е личноста, за нејзиниот телефонски број, споделени документи и линкови меѓу вас и корисникот, заеднички календар и други лични детали за корисникот и дискусијата.

Прочитај повеќе

Google доби идеја да го додаде +1 копчето за да се споделуваат резултатите, а Crossrider ја продолжи таа идеа креирајќи Google +Like додаток за Firefox, IE и Chrome со кој се додава Facebook Like копчето до резултатите од пребарувачот.

Прочитај повеќе

Ако се суди според бројот на верзијата на овој најнов интернет прелистувач од Google може погрешно да се заклучи дека постои многу години (на пример, интернет прелистувачот Opera кој е актуелен со верзија 11, датира од далечната 1996 година). Но сите, па и оние со пократко памтење, знаат дека првата верзија на овој прелистувач јаво беше презентирана на 3 септември 2008 година. Дали навистина за толку кратко време може да се претстават 10 различни стабилни верзии (дополнувањата и бета производите не ги сметам) и секоја од нив да има нешто ново, нешто подобро за да го заслужи епитетот финална? Колку и да звучи чудно, одговорот е да. Google Chrome 10 кој се појави неполн месец после верзијата 9, навистина има што да покаже, и пред неговите претходници, но и пред конкуренцијата од која зема се поголем дел корисници кои се согласуваат Chrome да биде нивен предефиниран прелистувач.

Прочитај повеќе

Знам, знам, сигурно си велите, не уште еден тулбар! Иако и мене не ми е многу привлечна идејата да имам уште нешто над страниците кои ги посетувам, Bing тулбар овојпат носи некои интересни новини.

Прочитај повеќе

Microsoft објави Chrome екстензија за Windows корисниците со која ја враќа поддршката на H.264 видео кодекот во прелистувачот на Google.

Прочитај повеќе

Skype Toolbar додатокот за сите верзии на Firefox е деактивиран заради успорување на прелистувачот. Според Mozilla, во последната недела дена имало 40.000 срушувања на прелистувачот токму поради овој тулбар. Иако ова е проблем со тулбарот, Mozilla вели дека „просто кажано, на корисниците може да им се причини дека Firefox e спор.“

Прочитај повеќе

DownThemAll е популарен Firefox додаток, односно менаџер за полесно и побрзо симнување на слики, линкови, видеа и текст од сајтови кој има околу 2.2 милиони дневни корисници. DownThemAll помага да се симнуваат елементите без страв дека симнувањето ќе се прекине, односно има опции за паузирање и подоцна продолжување на симнувањето.

Прочитај повеќе

Мozilla Labs го претставија F1 додатокот со кој можете да постирате содржина на Twitter и Facebook или да праќате мејлови преку Gmail. F1 е се уште во експериментална фаза, но може да биде интересно решение како замена за копчињата за споделување или за неодамна објавениот прелистувач за друштвени мрежи Rockmelt.

Прочитај повеќе

Mozilla Labs на својот блог пишува дека работат на додаток за прелистувачот кој не само што ќе пушта аудио и видео, туку ќе има можност и да ја сними содржината. Додатокот со име Rainbow им дозволува на развивачите да пристапат до хардверското видео и аудио снимање со неколку линии на JavaScript код.

Прочитај повеќе

Прочитавме дека Google Instant ќе биде овозможен за Chrome и бидејќи не сакавме да чекаме и бидејќи го сакаме Firefox го направивме InstantFirefox додатокот, вели Коби Меначеми.

Прочитај повеќе

Додатокот за Firefox – Firesheep овозможува да пробиете лесно нечиј профил на друштвените мрежи и други ранливи сајтови преку WiFi мрежата крадејќи им ги „колачињата“.

Прочитај повеќе

Новиот македонски пребарувач Borg.mk направи редизајн, и тоа го мотивираше Наум Спасески а.k.a Номче да направи Firefox додаток за полесно пребарување.

Прочитај повеќе