Се објави најновата FIFA 2011. Дали е подобра од претходната? Како ќе се спореди со Pro Evolution Soccer, која е пореална, позабавна, што има ново…? Тоа се прашањата на еден куп фудбал ентузијасти, прашања кои ги одговори Fiasco објавувајќи интересна рецензија на Fifa 11 на форумот.

Прочитај повеќе

Што е подобро? Да земете бренд компјутер или да составите еден според ваш вкус со разни компоненти? Оваа жешка тема ја стартуваше членот DigiSoft кој ги преферира брендираните ПЦ-ја. Дел се согласуваат, дел од членовите преферираат составување компоненти.

Прочитај повеќе

Се објави бета верзијата на Firefox 4 која носи промени во функционалноста како и комплетно различен изглед. Прелистувачот е достапен за симнување заедно со опција да испратите фидбек до Mozilla со цел да се добие конкретен и финален производ.

Прочитај повеќе

Светското првенство е при крај, а со тoа и дискусии на друштвените мрежи за фаворитите, за кој фудбалер го бива, а кој е тапа, за прогнози… но тоа не е причина да не се прегледаат старите и интересни дискусии, нели?

Прочитај повеќе

Започна како идеја за едноставна игра, а во моментот е убава 3Д мапа со дожд и дрвја, мапа по која треба да се движи мало топчесто човече. Барем тоа е идејата на Nikihack, mendi19 и останатите членови на форумот кои последнава недела дена планираат нешто интересно.

Прочитај повеќе

Од причина што напојувањето може да претставува сериозен извор на бучава во куќиштето решив да направам еден краток осврт на тоа како може да се намали ефектот на бучава, пишува Ѓокица на форумот во туторијал објаснувајќи како работи напојувањето и вентилаторот во него, како и што е причината за бучавата и како да ја намалите истата.

Прочитај повеќе

На форумот се појави доста интересна и корисна дискусија за склопување на домашен медиа сервер кој ќе може, според желбите на Smole, да пристапи од интернет до фајловите на серверот, да стримува HD видео, да може да складира фајлови кои ќе бидат безбедни и да може да му седи во шпајз.

Прочитај повеќе

Едно од најинтересните аспекти на Светското првенство ќе бидат дискусиите меѓу навивачите и неутралните гледачи, имало фаул, немало пенал, добар гол, изненадувања на теренот, разочарувања итн… Благодарение на Twitter кој е јавна мрежа, сега можете да ја следите дискусијата.

Прочитај повеќе

Пазете се ве прислушуваат! Или можеби не, како би знаеле дали ви ги некој следи вашите комуникации или дигатално собира информации за вас? Кого ќе прашате и кому ќе му се обратите? Ова е една од неколкуте интересни поенти искажани на дискусијата за „Приватност во Македонија“ организирана од фондацијата Метаморфозис пред се за отварање дебата за измените на Законот за електронски комуникации.

Прочитај повеќе

Промоција на слободен софтвер, транспарентност на кодот, ослободување на образовните проекти, осврт на регулативи, лиценци… ова се темите кои се разговараа на средбата за креирање план за Национална политика за слободен софтвер. Дискусијата е организирана од Слободен софтвер Македонија, поддржана од фондацијата Метаморфозис и Министерството за информатичко општество.

Прочитај повеќе

Според Google најголеми шанси за победа на Евровизија 2010 има германската преставничка Лена. Македонскиот преставник Ѓоко Танески е дури на 33-то место, а албанската преставничка е на 24-то. Сепак Google не е видовит, туку го користи информациите од пребарувањето. Значи колку повеќе луѓето пребаруваат преставник или песна толкава е популарноста на таа песна и со тоа се одредуваат шансите за победа.

Прочитај повеќе

Зошто кога одам на struga.com.mk или kratovo.com.mk ми се појавува веб сајт на Гостивар? прашува plisner изреволтиран од тоа што одредени .мк домени се зафатени без воопшто да има веб сајт на нив.

Прочитај повеќе