На не-толку-официјален #tweetup или собир на твитерџии во Кафе Ли во Скопје, се прогласија неколкуте победници во неколкуте категории на 140.mk Twitter наградите. Сите победници добија симболични награди, кои беа донирани од неколку компании, а „Оскарот“ беше во форма на варено јајце со налепница која ја означуваше категоријата во која победиле.

Прочитај повеќе

nVidia ја објави својата нова графичка картичка GTX 570. Во исти период и AMD ja објави својата Radeon 6950 и 6970 графички картички. Прашањето сега е која е подобра? На форумот има одлична дискусија меѓу хардвер ентузијастите кои споделија одлични рецензии, споредија цени и перформанси на двете картички.

Прочитај повеќе

<надополнето 15.12.10> Уставниот суд ги одби промените на Законот за електронски комуникации, односно ги поништи петте одредби кои и даваа моќ на полицијата да прислушува без судски налог. Одбиени се петте измени на член 4 (точки 47 и 48), член 112 (ставовите 7 и 8), член 114 (ставовите 7, 8 и 9), член 115 и […]

Прочитај повеќе

Неодамна еден од најпопуларните .мк огласувачи Pazar3.mk започна да наплаќа за огласите кои до тогаш беа бесплатни. Оваа одлука на огласувачот наиде и на критики и на пофалби, па Goran123 на форумот објави таква тема за да ги чуе мислењата на корисниците.

Прочитај повеќе

Дали сте знаеле дека има берза на мемориски чипови? вели Gokica во пост за како http://www.dramexchange.com прогнозира ќе се движат цените на мемориските чипови. TechSpot пишува како трендот на паѓање на цените ќе продолжи заради економската законитост: голема понуда и мала побарувачка води кон пониски цени.

Прочитај повеќе

Се случи неверојатен инцидент со А1 телевизијата, заради се уште нејасни причини, но за да не навлегуваме во дневно политички теми како ИТ медиум, повеќе ќе прочитате по весниците.

Прочитај повеќе

Според некои балкански новини Pay Pal услугата за плаќање ќе биде достапна во Србија, и најверојатно во Македонија во 2011 година, постира Krkac.

Прочитај повеќе

Во Македонија софтверот е скап и поради тоа се пиратира. Пример, 110 евра за Windows Home edition, исто околу 7.000 денари за Office. Toa за некого е вредност на една плата, пари потребни за месечни студии… а треба и пари за друго парче сотфер, нели?

Прочитај повеќе

Програмата е слична на Skype, Yahoo Messenger, MSN, но со дополнителни опции, вака е опишан Macedonia Live месенџерот кој е пуштен во употреба летово од страна на Teleks.com.mk.

Прочитај повеќе

<Надополнето> Слободен Софтвер Македонија ја објави најновата ревизија на Националната политика за слободен софтвер. Ревизијата може да се најде на соодветниот блог каде секој заинтересиран корисник може да сподели идеја и да ја искоментира написот. Дополнителна дискусија може да се води на форумот на It.com.mk.</надополнување>

Прочитај повеќе

На форумот хардверските дискусии се едни од најинтересните. Освен што објаснуваат за разните технологии, вредноста им е што споредуваат разни хардвер продукти кои можат да се најдат во македонските продавници. И на крај споделуваат корисничко искуство, кој која технологија ја пробал, која е подобра, која вреди за тие пари…

Прочитај повеќе

Со цел да се дискутира, споделува и информира за се ИТ во секое време и секое место ја креиравме мобилната верзија на форумот на IT.com.mk.

Прочитај повеќе