Во интересно интервју за Daily Mail, основачот и поранешен директор на Microsoft, и вториот најбогат човек во светот, Бил Гејтс откри неколку интересни факти за својот приватен живот – како кога неговите деца сакаат да се шегуваат со него му го пејат хитот „Милијардер“, а исто така му ја пуштале и Лејди Гага, но не успеал да и ги научи песните. Г. Гејтс вели доколку има пожар во својот 100 милиони вреден дом, тој првин ќе побрза да го спаси бележникот на Леонардо да Винчи „Codex Leicester” кој го купил за 30 милиони долари.

Прочитај повеќе

Дали сајт/сервис како Twitter само на македонски би функционирал во Македонија? Темата беше поставена на Кајмак.от по што веднаш доби негативни критики дека сервисот не би успеал, дека ќе заврши како некои други македонски сервиси на кои се објавуваат содржини во стил „кој колку испил“ и коментaри од видот „девојка прва класа. аа кој те сликашее тука? =) најубавааа!“ кои можат да се најдат на македонските друштвени мрежи.

Прочитај повеќе

Вчера се објавија две вести за купување, односно спонзорирање на два ИТ проекти. Првин се објави веста дека српската друштвена мрежа Poznanici.com е купена од Daily Mail со 51% удел во компанијата за сума која што не е објавена. Poznanici.com е популарна друштвена мрежа со преку 100.000 регистрирани корисници и 1.5 милион клика дневно.

Прочитај повеќе