Најголемиот интернер провајдер во Британија, Virgin Media започнa со тестирање на технологија за мониторинг на корисниците и пиратската содржина која ја споделуваат. Технологијата која ќе ја користи провајдерот е CView на Detica, компанија која е позната со работење со владини податоци и дигиталните документи на контраразурзнавачките служби.
 
„Нашата технологија има потенцијал да го мери споделувањето на содржината низ сите интернет провајдери, што ќе им овозможи на провајдерите, креативната индустрија и владата, да соработуваат и да одговорат на дигиталната пиратерија како што е повлечено во извештајот за Дигитална Британја.“ пишува Detica.

Прочитај повеќе