Неколку оператори во САД имплементираа нова практика во борба со споделувањето на пиратски содржини на Интернет, пишува Mashable. Новиот систем има за цел да ги образува корисниците за авторските права или да ги спречи да симнуваат. Copyright Alert System е целосно автоматизиран и ја зголемува казната од предупредувачка пошта до драстично намалување на интернет брзината […]

Прочитај повеќе

Активниот систем за авторско право не успева во својата задача, вели потпретседателката на Европската Комисија, Нели Крус. Таа на својот блог пишува дека пиратеријата е се уште проблем, исто како што е и проблем што системот за авторски права не успева да ги награди артистите – музичарите, сликарите и писателите – кои се уште живеат […]

Прочитај повеќе

Британската влада најави дека ќе ги реформира законите за авторски права кои сè уште се водат по систем стар 300 години. Според британската влада, државната каса би можела да профитира од овие измени, поточно да се дополни со 8 милијарди фунти. Се разбира овие реформи би биле од голем бенефит и за креаторите и за […]

Прочитај повеќе

Видео сервисот ќе ги праќа прекршувачите во Училиште за авторски права. Ако корисникот добие опомена за прекршување на авторско право YouTube ќе го присили корисникот да мора да го прегледа Copyright School видеото, кое е анимиран едукативен 4.5 минутен цртан со Happy Tree Friends. По видеото корисникот ќе мора да одговори на мал квиз да „покаже дека може да посвети внимание и да ја разбере содржината“ пред да продолжи да закачува видеа. за да ги тргне опомените . Со три опомени се банира корисникот од сајтот.

Прочитај повеќе

Google во блог пост најави дека ќе воведе неколку решенија против пиратеријата на своите сервиси. Едно од тие решенија е тргање на пиратските термини од автоматското дополнување при нивно куцање. Пример, ако вкуцате Gorillaz mp3 во Google, пребарувачот ќе ви предложи Gorillaz mp3 torrent пребарување. Сега тоа ќе биде тргнато, Google нема веќе да помогне со авто-комплетирање на термините.

Прочитај повеќе

Седејќи во ходникот пред преполнетата сала, слушајќи го предавањето на Ричард Сталман во кое зборуваше за слободниот софтвер, рестриктивните лиценци, авторските права и како тие не функционираат во денешниот дигитален свет, си помислив „ова е ветената земја за идејата на Сталман.“ Во Македонија се е слободно, го споделуваме софтверот и со леснотија го игнорираме копирајтот. Во Македонија индустријата нема контрола врз корисникот, контрола која г-дин. Сталман се бори да ја тргне, туку македонскиот корисникот ја фрла индустријата на колена.

Прочитај повеќе

Ричард М. Сталман, таткото на GNU, на 3-ти јуни 2010 на покана од Слободен софтвер Македонија доаѓа во Скопје и ќе одржи предавање насловено „Copyright vs Community in the age of computer networks”. Предавањето ќе се одржи во салата “Милениум 2” во хотелот “ХолидејИн”, влезот е слободен и отворен за сите, предавањето започнува во 18:00 часот и ќе биде на англиски јазик.

Прочитај повеќе

Скоро 200 години се поминати од денот кога Томас Џеферсон, еден од татковците на САД, во своето писмо до Ајзак Мекферсон ќе напише: „Оној кој добива идеја од мене, добива упатство без да ме осиромаши, исто како што оној кој од мојата ламба ќе го запали својот оган, добива светлина без да ме затемни мене“.

Прочитај повеќе

Деветнаесет медиуми и портали се договорија на принципи и стандарди за меѓусобно превземање и споделување содржина. Иницијативата, објавена во Утрински весник, e последица од незадоволството на медиумите како нивната содржина се превзема од одредени портали и агрегатори на вести. Првичната иницијатива од јануари не беше соодветно направена и беше критикувана бидејќи пред се ги заштитуваше медиумите, без да ги заштити и веб сајтовите, но… се чини дека оваа иницијатива е поконкретна со поспецифицирани правила.

Прочитај повеќе

Холандскиот суд му нареди на популарниот торент сајт Mininova.org да ги избрише сите .torrent фајлови кои ги прекршуваат авторските права или ќе плати казна од 5 милиони евра, по 100 евра за секој пиратски торент. Mininova беше тужена од холандската анти-пиратска организација BREIN, која ги штити авторските права на музичката и филмската индустрија.

Прочитај повеќе