Talk Guru е експирементален сервис на Google Labs преку кој може да добивате информации за спорт и време со праќање на инстант порака до ботот преку инстант месенџерот Gtalk (го има и во Gmail).

Прочитај повеќе

Joint.im е апликација која ги проширува можностите кои ви ги дава Twitter за приватни разговори (директна порака) и ви овозможува да комуницирате преку инстант пораки со поединци или група од вашите постоечки Twitter контакти. Секак, останува правилото кое важи и за директните пораки на Twitter, твитерџијата со кој ќе сакате да раговарате мора да ве следи.

Прочитај повеќе

Facebook и Skype преговараат за да го продлабочат своето партнерство. Иако од двете страни нема никакви официјални информации, „интернетот“ вели дека после интегрирањето на Facebook статусите во Skype и контактите, ваквиот чекор како следен е очигледен.

Прочитај повеќе

Отсега, освен што може да зборувате со вашите MSN контакти, ќе можете да зборувате (чет) и со вашите Facebook пријатели преку вашето Hotmail сандаче. „Бидејќи Gmail не претрка донесувајќи ја комуникацијата преку инбоксот, ние отидовме чекор понатаму и ги донесовме и нашиот чет и Facebook четот во Hotmail”, вели Microsoft претставувајќи ја опцијата која сега стартува глобално. Оваа опција досега можеа да ја користат само шест региони, а отсега е овозможена глобално. Од кога е објавена оваа можност, 2.5 милиони корисници ги поврзале своите Hotmail профили.

Прочитај повеќе

Сега кога ќе добиете нов Gmail мејл или нова чет порака ќе бидете известени преку pop-up нотификација во ќош на прелистувачот, во моментов само за корисниците на Chrome, другите прелистувачи ќе мора да почекаат.

Прочитај повеќе

Facebook без некоја најава стартуваше опција коментарите да се прикажуваат во реално време. Коментарите се прикажуваат во стримот за вести или на профилите во момент на објавувањето, без потреба да се кликне Refresh на страната, налик на чет. Овие коментари е сличан со опцијата на FriendFeed друштвената мрежа која Facebook ја купи пред подолго време.

Прочитај повеќе

Дали се сеќавате на причината поради која ставивте Интернет на домашниот компјутер? Што ве заинтересира од глобалната мрежа, што очекувавте? Ова е интересна тема на форумот каде форумџиите ги споделија својот прв контакт со Интернет. За Hijack Hackеr при првото отварање на страната на Google „бледо го гледав, незнаев од каде да почнам, и што воопшто да правам“.

Прочитај повеќе

<Надополнето>Skype конечно функционира за сите после 20 часа недостапност. Барем за некои корисници. Милиони други се уште имаат проблем да се логираат на сервисот, често по логирањето Skype се гаси по некоја минутка. За тие пак што ќе се логираат, џабе! бидејќи ни ги нема поголемиот дел од контактите.

Прочитај повеќе

Отварајќи со како 350 милиони Facebook корисници испраќаат по 4 милијарди пораки дневно, Mарк Зукерберг го претстави „модерниот систем за пораки“ кој се содржи од неколку сервиси: познатотo праќање пораки на мрежата, чет комуникација и имејл пораки. Сите комуникации ќе бидат сместени на едно место во еден вид стрим на информации.

Прочитај повеќе

Rockmelt е нов и е доста интересен прелистувач. Се што сакате од друштвените мрежи, пред се Facebook, го имате на еден клик од вас, пријателите од лево, фидовите од десно, сурфањето на интернет пред вас… Прелистувачот е во затворена бета, но секој корисник кога ќе добие пристап добива неколку покани кои ги праќа кон другите корисници. (tnx Митко за поканата)

Прочитај повеќе

Иако од една страна се одлични друштвени алатки, сепак од друга новите групи на друштвената мрежа си имаат свои проблеми. Покрај додавање луѓе без нивна согласност, групниот чет може да биде проблем бидејќи можеби не сте расположени за разговор и да читате другите што пишуваат.

Прочитај повеќе

<Надополнето 15.11.10> Oд 31 ноември Nimbuzz веќе не поддржува Skype. Повеќе детали во блог постот на Nimbuzz. </надополнување>
 
Пред некој ден Skype објави своја Android верзија, но наиде на проблеми кај некои корисници и не беше баш најсјајна според функционалноста. Затоа Томи Јовановски предложи:

Прочитај повеќе