Google ги објави најпопуларните и најбарани термини и теми во тек на 2010 година. Меѓу „најжешките“ пребарувања се Светското првенство во Јужна Африка, контроверзниот Chatroulette сервис, поп ѕвездата Џастин Бибер, Apple-овиот iPad, земјотресот во Хаити… и уште неколку термини и теми кои го покажуваат глобалниот интерес за нештата и популарните настани кои се случија во тек на годината.

Прочитај повеќе

Kликнувате next и на вашиот екран се појавува слатка девојка која е спремна да ја соблече маичката. Но наместо нешто секси, пред вас се појавува демон кој превртува очи и криви врат. Застрашувачки! Но и креативно. Ова е новата вирална кампања на Last Exorcism која се случува на ChatRoulette.

Прочитај повеќе

Конечно дочекавме Southpark да посвети епизода на Facebook во која не се исмејува друштвената мрежа, туку опсесијата на луѓето со неа. Facebook секако е секојдневен елемент на многу од нас, таму се пријателите, таму се настаните, информациите… но можеби луѓето дојдоа до тој степен да го гледаат виртуелниот Facebook профил како мерка за пријателство?

Прочитај повеќе