И Panasonic претстави свој таблет компјутер на на овгодинешниов Consumer Electronic Show. Viera таблетот, како и многу други, работи на Android оперативниот систем, ќе биде достапен во 4, 7 и 10-инчна (25cm) големина и ќе има LCD дисплеј.

Прочитај повеќе

Тајванската Acer го претстави 10-инчниот (25cm) Iconia Tab A500 кој ќе работи на Android оперативен систем и има Nvidia Tegra-2 dual-core 1Ghz процесор. Таблетот ќе има HDMI порт, ZTE LTE безжичен модул, ќе поддржува Flash 10.1 и ќе има вграден Clear.fi систем за лесен пристап до мултимедија и нејзино споделување меѓу домашниот и мобилниот уред. Нема детали за резолуција на екранот, само е најавено дека Iconia Tab A500 e дизајниран за „HD забава“. Претпоставка е дека таблетот ќе чини меѓу 600 и 800 долари.

Прочитај повеќе

Мotorola го претстави Xoom, 10-инчен (25.4 cm) таблет компјутер кој ќе работи на Android 3.0 Honeycomb, оперативен систем наменет за таблет компјутерите, ќе има 3G мрежа која може да се надгради во 4G при крај на годината, има 2Ghz dual-core процесор и 3Д Google мапи.

Прочитај повеќе

Откако неодамна го објавија Gingerbread за паметните телефони, Google го претстави и Honeycomb кој е следната генерација на мобилната Android платформа, дизајниран од почеток, за уреди со голем екран, посебно таблет компјутерите. Веќе неколку производители го најавија Honeycomb како оперативен систем за нивните таблет PC-ја.

Прочитај повеќе

Lenovo го претстави LePad, хибриден компјутер кој функционира како таблет на допир работејќи на Android, но може да прикачи на лаптоп и да функционира како класичен екран додека лаптопот работи на Windows.

Прочитај повеќе

Таблет компјутерот на Toshiba се уште нема име, тоа што се знае за него е што ќе користи Nvidia Tegra 2 процесори, се уште не се знае количината на меморијата, и, како и многу други, ќе работи на Android Honeycomb оперативниот систем, кој има поголема поддршка за таблет уредите, и има 10.1 инчен екран со 1280×800 резолуција со 720p висока-дефиниција, и порт за HDMI.

Прочитај повеќе

Таблет компјутерите се овогодишните ѕвезди на CES 2011 конференција, а ASUS ги претстави првите, односно претставија 4 нови таблети со различна големина од кои два имаат одвоена не-на-допир физичка тастатура.

Прочитај повеќе