Американската амбасада во Мадрид во изминативе неколку години вршела притисок врз шпанските власти и интернет оператори да се превземат мерки за контрола на пиратеријата. САД се заканувале на Шпанија дека ќе ја стават на „црната листа“ на земјите со голема пиратерија, доколку не се превземат мерки во борба против пиратеријата, пишува шпанскиот весник El Pais.

Прочитај повеќе

Од објавувањето на доверливите документи, контроверзниот сајт Wikileaks стана доста споменувана тема на Twitter, но ознаките со која се бележат пораките за #wikileaks или #cablegate никогаш не се појавиja во листата на трендови што привлече критики дека Twitter го цензурира промовирањето на темата, исто како што други сервиси престанаа да го опслужуваат Wikileaks.

Прочитај повеќе

Со краток твит Wikileaks најави дека е под DDoS напад. Distributed denial of service attack (DDoS) напад значи дека мрежа од компјутери праќаат куп пакети поплавувајќи го сајтот со барања со цел да го срушуват.

Прочитај повеќе

Меѓу 250-те илјади доверливи дипломатски документи на САД, објавени од страна на Wikileaks, е и документ кој ја обвинува Кина за хакнување на компјутерските системи на aмериканската влада, нивните сојузници и американските бизниси, меѓу кои и Google кој во јануари остро реагираше за хакот што таргерираше уште 50-тина ИТ компании, велејќи дека ќе ја тргне цензурата од својот пребарувач во Кина.

Прочитај повеќе