Во ова последно видео од C++ туторијалите за почетници остануваме на класи, поточно фокусот е на конструктори. Во видеото Мино објаснува повеќе за тоа што се конструктори во C++, која е нивната намена и како се користат. Видеата на Мино Тодоров може да ги најдете на неговиот YouTube канал „Учиме со Мино“. Сите видеа на каналот […]

Прочитај повеќе

Во овој туторијал Мино Тодоров продолжува со објаснувањата за класи. Во овој дел ќе се запознаеме и како се креираат фајловите за класите. Секако ќе се запознаеме и со каде и како се дефинираат променливите и функциите во овие фајлови. Дополнително ќе се запознаеме и зошто треба да користиме „#pragma once“ и какви грешки може […]

Прочитај повеќе

Во овој туторијал Мино зборува за спецификатори за пристап, гетери и сетери. Видеото е продолжение на претходното во кое дознавме повеќе за основите на класите во C++. Во овој туторијал ќе дознаеме и што се, и зошто се користат клучните зборови public, private и protected. Дополнително ќе се запознаеме и со некои стандардни практики кои […]

Прочитај повеќе

Во ова видео Мино објаснува повеќе за тоа што се класи, како се дефинираат и зошто се користат во C++. Класите се тип кој корисникот сам ги дефинира за да собере на едно место повеќе податоци од различен тип и се основа за објектно ориентирано програмирање. Ова веројатно е еден од најважните туторијали на каналот […]

Прочитај повеќе

Во ова видео Мино Тодоров ќе ни ги објасни основите на покажувачите и референци, како и зошто се употребуваат и зошто се важни. Во примерите може да видиме и како се користат покажувачите и референците во функции и како да влијаеме на променливите надвор од овие функции.

Прочитај повеќе

Во ова видео Мино ќе ни објасни за рекурзивни функции, што се, како и зошто се користат. Стандардно во видеото Мино најпрво накусо го објаснува теоретскиот дел, а потоа може да видиме и како рекурзивните функции практично се употребуваат. Видеата на Мино Тодоров може да ги најдете на неговиот YouTube канал „Учиме со Мино“. Сите […]

Прочитај повеќе

Во ова видео на Мино продолжуваме со C++ туторијалите. Овојпат во фокус се функциите, која е нивната намена, како изгледаат и како да напишете ваша функција. Дополнително има објаснување и за аргументи и параметри и како да ги разликуваме и на што се однесуваат овие имиња.

Прочитај повеќе

Малку по малку ги учиме основите на програмирање C++ со Мино. Продолжуваме со циклуси и контрола на извршување, а овојпат ќе научиме како да контролираме потенцијално бесконечен циклус. За оваа цел ќе се запознаеме со клучните зборови „break“ и „continue“. Задачата која треба да ја решиме во ова видео е да пронајдеме кои се првите […]

Прочитај повеќе

Малку по малку ги учиме основите на програмирање со Мино. Доесга научивме за условно извршување на код, а сега во ова виде Мино ни објаснува како и зошто ни се потребни циклуси. Туторијалот е за for и while циклуси, дефинирање за услови под кој функционира циклусот на тривијален проблем за печатење на броеви од 1 […]

Прочитај повеќе

Во ова видео продолжуваат објаснувањата за променливи во C++. За почеток ќе се запознаеме со основните типови како: bool, char, float, double… Ќе се запознаеме со овие променливи и колкав простор во меморијата зафаќа секоја од овие променливи, а ќе се запознаеме и со дефинирање и иницијализирање на овие променливи.

Прочитај повеќе

Ова е воведното видео во Основи на C++ видео туторијалите на Мино Тодоров. Несомнено веќе претпоставувате дека туторијалите се за програмскиот јазик C++, но она што веројатно не го очекувате е дака се на македонски јазик. Вообичаено во првите видеа се запознаваме со алатките кои ќе ги користиме а во овој случај тоа е Visual […]

Прочитај повеќе

Во овој туторијал веќе може да се забележи нешто поамбициозен код. Поточно за разлика од претходните, овојпат и кодот е нешто посложен, иако е далеку од сложен. Фокусот на оваа лекција се променливите и што може да се направи со нив. Основните string, char, integer, float, double се дел од променливите со кои ќе може […]

Прочитај повеќе