Ние пробуваме нешта, вели директорот на Google, Ерик Шмит одговарајќи зошто Google Wave не успеа. Продуктот кој беше платформа за комуницирање во реално време и кој само пред една година беше неверојатен хит на интернет, заврши неславно – Google го изгаси комплетно велејќи дека ќе го сочува кодот да им се најде за некои идни продукти.

Прочитај повеќе

Првин беа само гласини за Google Me друштвената мрежа, а сега се појави и пreзентација од 212 страни закачена од Пол Адамс, водечкиот истражувач за друштвеното во корисничкото искуство во Google кој работел на Buzz и YouTube.

Прочитај повеќе

Google го стартуваше Buzz, сервис налик на друштвените мрежи интегриран како додаток на Gmail сервисот… Во пракса Google Buzz е многу налик на Facebook, имате "like" опција, оставање коментари, споделувате слики, видеа, линкови, сите постови можете да ги праќате на другите корисници преку мејл или на тие што ве следат… Знаејќи го тоа прашањето е зошто да сте на Buzz кога веќе сите контакти и пријатели ви се на Facebook? За да биде понезгодно во моментот можете да праќате пораки само од Twitter нa Google Buzz, но не и обратно, а нема никаква интерграција со Facebook. Нема постирање ниту пренесување Facebook постови.

Прочитај повеќе