Истражувачи открија нови онлајн напади. Последните неколку месеци сите небезбедни Lynux-рутери и уредите се цел на PDoS (permanent denial-of-service), вели безбедносната компанија Radware. Слично како и Mirai нападот ги детектира небезбедните уреди кои се приклучени на интернет. За разлика од кодот на Mirai, кој од овие уреди креираше бот мрежа, новиот малициозен код наречен BrickerBot ги […]

Прочитај повеќе

Поради безбедносни пропусти, 47 милиони корисници на Hola можат да станат дел од ботнет мрежа која може да се злоупотреби. Предупредувањето доаѓа од група истражувачи кои се нарекуваат Adios, а тврдат дека корисниците се под потенцијална опасност поради 6 клучни безбедносни пропусти и треба што е можно поскоро да го отстранат Hola од својот компјутер. […]

Прочитај повеќе

Словенечкиот хакер Матјаз Скорјанц е осуден на пет години затворска казна, откако судот во Словенија одлучи дека е виновен за еден од најголемите ботнети, Mariposa (шпански збор за пеперутка). Хакерот е обвинет за креирање на злонамерен софтвер со кој направил мрежа од 12,7 милиони компјутери под негова команда. Со оваа мрежа групата чии лидер е […]

Прочитај повеќе

Apple објави закрпи за Java со која се поправа пропустот поради кој околу 600.000 компјутери се најдоа инфицирани од Flasback Trojan, препознатлив по тоа што го напаѓа Mac OС X оперативниот систем. Првите информации за оваа ботнет мрежа дојдоа од руската безбедносна компанија Dr. Web, чии аналитичари открија дека околу 274 компјутери од стотината илјади […]

Прочитај повеќе

Европскиот совет дискутира за нова Директива за напади на информатички системи со која ќе ги зголеми мерките против сајбер криминалот, ќе креира EU-CERT тим, ќе се зголеми соработката меѓу земјите-членки, ќе се зголемат казните и се предлага да се забранат хакерските алатки.

Прочитај повеќе

Digital Crimes Unit на Microsoft во соработка со полицијата ја срушија најголемата спам мрежа во светот Rustok. За големината на спам мрежата говори и статистиката дека 89-90% од сите имејл пораки пратени во светот се всушност спам пораки.

Прочитај повеќе

Со растот на популарноста на разновидните мобилни платформи, тие стануваат мета на малициозните закани, вели McAfee во својот извештај McAfee Q4 кој ги сумаризира заканите кои не демнеа во 2010 година. Овој извештај се однесува на четвртата четвртина на 2010, но прави осврт и на целата ланска година.

Прочитај повеќе

Чешки безбедносни експерти открија ботнет мрежа и ја крстија како „Чак Норис“. Оваа ботнет мрежа – мрежа од инфицирани со вирус компјутери – се шири така што со помош на малициозен софтвер пробива рутери и DLS модеми. Малициозниот софтвер ги пробива рутерите така што им ги погаѓа едноставните лозинки, како на пример: admin, 123456, password…

Прочитај повеќе

Ботнети се мрежи од компјутери кои се земени како “заложници” од страна на злонамерен софтвер кој ги контролира и најчесто испраќа СПАМ или други активности и е целосно контролиран од страна на напаѓачот. Овие мрежи несомнено растат во број и моќ. Ботнетите се далечински контролирани од самите создавачи на злонамерниот код или пак од други сајбер криминалци кои можат да пристапат до нив.
 
Ботнети првично беа создадени со цел да испраќаат СПАМ. Тие беа навистина корисни за спамерите бидејќи ги сокриваа вистинската локација и идентитет на спамерот, создавајќи дополнителни тешкотии за анти-СПАМ софтверите. Корисноста на ботнет мрежите подоцна се прошири и за DoS напади, собирање на приватни информации преку снимање на внесени карактери преку тастатура (keyloggers) и други.

Прочитај повеќе