Twitter е сервис за микро-блогирање, односно објавување на постови до 140 карактери. Пораките можат да бидат објавени директно од веб прелистувач, ИМ клиент, СМС, е-маил или пак некоја десктоп апликација наменета за тоа. На исти начини може да одберете и да ги добивате постовите на луѓето, кои според јазикот на овој сервис, "ги следите". Првично наменет за полесна и побрза комуникација, Twitter се покажа како доста корисен сервис за брзо информирање, по што беше прифатен од многу интернет корисници, но и од големи медиумски имиња и компании.

Прочитај повеќе