Здраво форумџии и гости на форумот на IT.com.mk. Сигурно забележавте дека не може да се постираат мислења на форумот, при обидот да се направи тоа се добива празна страна. Работиме на случајот да се среди проблемот што е можно поскоро.

Прочитај повеќе

Ова е брз и евтин начин да се создаде присуство на интернет, да се рашират информации за одредена кауза и да се организираат акции за да се лобира кај донесувачите на одлуки, пишува Елена Игнатова на Global Voices Online објаснувајќи го нивниот водич за застапување преку блогирање.

Прочитај повеќе

Дизајнот пред се има цел да ја истакне разновидната ИТ содржината многу повеќе од стариот дизајн, кој иако беше поелегантен, беше и ограничен во функционалноста. Затоа се решивме за ваков нов дизајн на WordPress платформата.

Прочитај повеќе

Дваесет годишниот Ахмед Мoстафа, студент по инжинерство, на 7 март ќе се најде пред воен трибунал бидејќи на својот блог ја критикувал војната академија за непотизам.

Доказите против блогерот се само еден блог пост напишан пред година дена во кој Мостафа напишал дека син на професор бил тргнат од акадамијата за да на негово место дојде друг син на некој побогат кој го платил местото. Најчудно е што воопшто не е спроведена истрага во тоа што блогерот го напишал.
 
На Мостафа ќе му се суди бидејќи го прекршил египетскиот закон кој забранува објавување на тајни информации поврзани со војската.

Прочитај повеќе

Zero Science Lab e македонска лабораторија за истражување и развој на ИТ безбедноста. Лабораторијата од денеска стартува со нов 2.0 дизајн и е отворена за соработка за пронаоѓање на софверски ранливости и подобрување на безбедноста.

Прочитај повеќе

Facebook воведува опција да си одберете кој да ја гледа вашата содржина од апликациите на Facebook и содржина од сајтовите и сервиси кои користат Facebook Connect, со цел корисниците да имаат поголема контрола врз содржината, односно да имаат можност да одберат со кого ќе ја споделуваат.

Прочитај повеќе

Австралиските интернет корисници ги убедија властите да го тргнат контроверзниот закон кој забранува анонимно коментирање на политички теми на интернет. Доколку австралијците сакаат да дискутираат политички теми мора да остават име и адреса или ќе бидат казнети со 1.250 австралиски долари (800 евра).

Прочитај повеќе

Google вели дека ќе го тргне филтерот за цензурирање од својот кинески пребарувач, откако откри информации дека во декември врз нив е извршен „високо софистициран хакерски напад“ кој дошол од Кина. Целта на нападот биле Gmail мејлови на борци за човекови права и слобода на говор.
 
„Многу бргу стана јасно дека тоа што првин изгледаше како безбедносен инцидент, стана нешто комплетно различно.“ пишува Google на својот блог. Во постот Google избегна да ја обвини кинеската влада дека стои зад нападите.

Прочитај повеќе

Крадење текстови не е нешто ново низ македонските медиуми и портали. Го имам искусено од прва рака, а имам и читано за вакви случаеви. Откако ќе ги пишеме или зборуваме со „пиратите“ секогаш завршува со извинување, тргање текст или „нема више жими сé“ филозофија.

Прочитај повеќе

Трчајќи 110 километри низ Сахара, екстремниот спортист Реј Захаб станува свесен дека светот има проблем со недостаток на вода. Тој станува свесен дека тие проблеми најмногу влијаат на младите. Затоа за да ја подигне свеста за екологијата тој се одлучува на авантура кон Јужниот пол. За таа негова авантура на Антартика, која евентуално ќе заврши […]

Прочитај повеќе

Драган Варагиќ е сопственик на консалтинг агенцијата P2 Internet и се бави со советодавни услуги од областа на e-бизнис, интернет маркетинг и онлајн ПР. Сопственик е на веб сајтот Pretraga.co.yu како и на најстариот е-маил магазин во Србија, “Pretraga i prezentovanje“. Тој е исто така координатор на постдипломски студии за е-бизнис на ФТН во Нови […]

Прочитај повеќе

Интернет provajderite Time Warner Cable Inc. и Frontier Communication Inc. објавија дека ќе го ограничат интернет сообраќајот на пакети, навидум слични на оние кои ги имаме во Македонија, овозможени од Т-Хоум и Он.нет – на 5, 10, 20 и 40 ГБ и планираат да наплатат по 1$ за секој додатен гигабајт. (Просечна цена на интернет и телефонска претплата е околу 65$ за месец)

Прочитај повеќе