„Мобилните ни станаа нашите персонални компјутери, секогаш со нас и секогаш спремни за да се блогира нешто со нив.“ вели Исак Кејет од Wordpress во блог пост кој го слави 1 милионитиот мобилен корисник од сите платформи.

Прочитај повеќе

За некои модерен, за други прагматичен, професорот по хумана генетика на Филозофскиот факултет, Владимир Трајковски ги користи дигиталните друштвени медиуми за да комуницира со студентите и да споделува информации за студиите и истражувања преку својот блог и преку својот Facebook профил.

Прочитај повеќе

Секој петок во 19:30 часот на телевизија Алфа се емитува емисијата за ИТ новости „Клик“. Продуцирана од Light Bulb productions, концептот на емисијата и анимациите се нешто свежо на македонската ИТ сцена. Токму иновативноста ни се допадна и затоа It.com.mk, со задоволство, склопи соработка со „Kлик“ да им обезбеди квалитетна ИТ содржина. Се надевам ќе уживате!

Прочитај повеќе

Со цел да се дискутира, споделува и информира за се ИТ во секое време и секое место ја креиравме мобилната верзија на форумот на IT.com.mk.

Прочитај повеќе

Заврши WCG.Победник во Counter-Strike е тимот Na’Vi. Бидејќи 24 корисници го фаворизираа овој тим во нашата наградна игра моравме да отидеме на рандом бирање победник користејќи го Random Line Picker. Ако не ни верувате, подолу има видео како е избран победникот, а може и да си го пробате сервисот да видите како функционира.

Прочитај повеќе

Неодамна Google ја претстави Blogger Template Designer, навистина кул и лесна алатка со која секој може да си го персонализира дизајнот на блогот на Blogger платформата.

Прочитај повеќе

Еден брз факт: Во Македонија има околу 900.000 интернет корисници. На Facebook 708.000 профили се од Македонија.
 
Oва е доста импресивна и потенцијална бројка на заинтересирани корисници за една држава каде ИТ сцената се уште е зад кулисите, далеку од мејнстримот. Но дали македонскиот Веб нуди нешто повеќе за овие корисници да се ориентираат кон локални made-in-Macedonia веб производи? Како да им понудиме квалитетно искуство на македонскиот Веб?

Прочитај повеќе

Користеноста на Google Chrome се зголеми пет пати во последниве година дена, односно сега 30 отсто од посетите на It.com.mk доаѓаат од тој прелистувач.

Прочитај повеќе

На сајтот на Утрински весник се појави текст „Лувр има виртуелен кустос“ во кој се пишува за интернет страницата на познатиот француски музеј Лувр и како музејот ги збогатил своите страници на интернет, со иновативна интерактивна програма.

Прочитај повеќе

Целта на mobile.komunikacii.net блогот е да ги олесни изборот на оние кои сакаат да купат нов телефон, да ја најдат соодветната апликација за својот мобилен телефон и да се информираат за тоа до каде е стасана во развојот мобилната технологија кај нас, но и во светот, вели Мите Кузевски, кој заедно со Виктор Стојановски го стартуваа блогот.

Прочитај повеќе

Сите сакаме да реобјавуваме, е насловот на блог постот во кој Wordpress ја најави новата опција.

Прочитај повеќе

Со цел да го промовира и објасни начинот како функционира онлајн шопингот, а со тоа и да го промовира истиот, TC.mk стартуваше кампања – 1 брендирана шоља за 1 денар со бесплатна испорака.

Прочитај повеќе