Apple остана на врвот со најголемиот број, над 300.000 мобилни апликации во 2010-та година, кои се дуплираа споредено со минатата година. Но, Google Android пазарот забележува неверојатен расто. Бројот на Android апликации достигна 130.000, што е за 6-пати повеќе од пред една година, вели агенцијата за анализа на мобилниот пазар, Distimo во својот извештај. Далеку зад Apple и Android се 18-те илјади Blackberry апликации, односно 25.000 апликации во Nokia Ovi продавницата.

Прочитај повеќе

App World 2.0 пазарот за Blackberry апликации сега доби своја онлајн верзија со што ќе се овозможи симнување апликации од интернет на компјутер, а потоа нивно префрлање на мобилен. Со оваа можност Blackberry App World наликува на Apple-овиот iTunes, ако се изостави разликата во бројот на апликации, Blackberry има над 10.000 апликации, за iOs има скоро 300.000. Интересно, Google најави дека и тие работат на слична веб верзија на Android продавницата за декстоп.

Прочитај повеќе

Research in Motion, креаторите на Blackberry телефонот, се согласија да ги блокираат порно сајтовите и да дозволат владите да ги шпионираат корисниците, откако Обединатите Арапски Емирати, Кувајт, Саудиска Арабија и Индиа се заканија дека ќе го забранат телефонот и неговите сервиси.

Прочитај повеќе

Со 209 гласа Android е омилениот мобилниот оперативен систем на читателите на It.com.mk. Од 586 гласови Android доби 36 отсто или 209 гласа, и се најде пред iPhone ОС (сега iOS) кој доби 142 гласа односно 24 отсто, односно пред Symbian кој доби 114 гласа односно 19 отсто.

Прочитај повеќе

Додека продолжуваат расправите HTML5 vs Flash, Adobe објави мобилна верзија за својот популарен софтвер за мултимедија. Овој софтвер кој според Adobe го користат 75% од веб сајтовите, досега имаше само Lite, лесна верзија за мобилните телефони бидејќи на Flash му треба повеќе ресурси и ја троши батеријата.

Прочитај повеќе

Ако пред само година-две беше реткост да се забележат паметни телефони (smartphones) кај македонските корисници и се чувствуваше степен на ексклузивност кога некој имаше iPhone или последен модел на Nokia или BlackBerry, денеска сликата на македонскиот пазар е сосема различна. Благодарение на достапноста на уредите и се по-„смарт“ корисници, овој вид на телефони се во многу џебови и очигледно според сите очекувања и самата побарувачка бројката само ќе расне и понатаму со забрзано темпо.

Прочитај повеќе

Холандската фирма Distimo ја објави својата презентација од Светскиот конгрес за мобилна технологија во која ја разгледува состојбата на продавниците за мобилни апликации. Нивната анализа го потврди фактот дека Apple е крал на мобилните апликации со над 150.000 апликации за разлика од Android кој има само 20.000 апликации. Интересен податок е што од 150-те илјади iPhone апликации дури 58% од нив се видео игри, а 18% се за забава.

Прочитај повеќе