App World 2.0 пазарот за Blackberry апликации сега доби своја онлајн верзија со што ќе се овозможи симнување апликации од интернет на компјутер, а потоа нивно префрлање на мобилен. Со оваа можност Blackberry App World наликува на Apple-овиот iTunes, ако се изостави разликата во бројот на апликации, Blackberry има над 10.000 апликации, за iOs има скоро 300.000. Интересно, Google најави дека и тие работат на слична веб верзија на Android продавницата за декстоп.

Прочитај повеќе