Новиот торент клиент Chrysalis на BitTorrent e клиент кој е наменет за почетници, со интерфејс кој е многу поедноставен од клиенти како uTorrent.

Прочитај повеќе

BitMate е BitTorrent клиент е наменет за да ја ги зголеми перформансите на хостови со конекции со слаб проток. Тоа не го прави на штета на другите клиенти и може да ја зголеми моќта за симнување до 70%, а на качување до 100 отсто. Иако битторент технологијата најчесто се врзува со пиратеријата, тоа што е интересно со овој проект го финансира владата на САД, за да им помогне на земјите од третиот свет кои имаат слаб интернет. Проектот го работат истражувачи од MIT.

Прочитај повеќе

Google ги стави torrent, Bittorent, utorrent, RapidShare, Megaupload… и други имиња на сајтови и софтвери кои се поврзани со пиратеријата, на црната листа на своето автокомплетирање и инстант пребарување.

Прочитај повеќе

Компанијата BitTorrent објави интересна статистика дека 100 милиони корисници активно го користат нивниот софтвер, како BitTorrent Mainline и µTorrent. Овие програми го користат BitTorrent протоколот за брзо пренесување на големи количества податоци преку децентрализираната peer-to-peer мрежа, каде податоците се одделени на мали делчиња и секое се пренесува преку различни „peers“, наместо симнување од еден извор/сервер што може да биде поспоро поради преоптоварување на тој сервер во смисла на интернет сообраќај или физички капацитет.

Прочитај повеќе

Факт е дека Call of Duty серијалот е популарна игра. Ги сруши рекордите во продажбата, а стана и најпиратираната игра симната над 4 милиони пати на битторент сајтовите. Black Ops го превзема тронoт од најпиратираната Modern Warfare 2 во 2009-та, што е претходното продолжение на Call of Duty.

Прочитај повеќе

Петер Сунде, еден од основачите на контроверзниот Pirate bay, повика да се направи нов Domain Name System бидејќи американската влада поднесе барање до ICANN да ги тргне домените на сајтовите кои ги нарушуваат авторските права, како неодамнешната акција која изгаси 82 торент сајтови.

Прочитај повеќе