Microsoft започна со подготовки на теренот за својот производ за проширена реалност, јавува ZDNet. Основата на проширената реалност на Microsoft ќе биде Bing, а тимот работи и на  Augmented Reality SDK,што значи дека сметаат и на независни девелопери кои се заинтересирани за AR-апликации. Тимот за проширена реалност работи на неколку проекти: следење на камера, гласовно […]

Прочитај повеќе

Најголемата новина кај Layar 5.0, апликација за iPhone и Android, е e што содржината од проширената реалност ќе може да ја споделувате на Facebook и Twitter. Друга новина е целосно редизајнираниот интерфејс и поголема интеракција со слоевите заедно со подобри анимации, што значи Layar не е ограничена на статични слики.

Прочитај повеќе

Total Immersion кои се глобални лидери во проширената (дополнета) реалност ја креираат првата апликација за iPad 2. Апликацијата е наречена “AR Magic Mirror” и им овозможува на корисниците да „испробаат“ разни фризури, облеки или модни додатоци одгледувајќи се од таблетот.

Прочитај повеќе

Дизајнерот Елиот Вудс го хакна Kinect, новиот гејминг уред на Microsoft, и користејќи ја неговата камаре и видео проектор успеа да направи визуелна симулација на огнена топка, проширувајќи ја реалноста.

Прочитај повеќе

МixAR е интересна iPhone апликација со која може да се едитира проширената реалност, односно секој корисник може да си прави свои виртуелни 3Д модели и да ги отсликува на други површини користејќи маркери. МixAR се уште не е готова, моментално е ставена на Kickstarter, сајт каде што корисниците донираат пари за разни проекти, но е доста интересна и практична идеја.

Прочитај повеќе

Star Wars Arcade: Falcon Gunner е видео игра со проширена реалност за iPhone и iPod Touch (чини 5 долари), изработена од Vertigo Games.

Прочитај повеќе

Со цел да се истакне CV-то да се препознае меѓу другите, ко-креаторот на Symbian, Дејвид Вуд, заедно со CWJobs.co.uk и тим од инженери и дизајнери го направи првото CV (резиме) користејќи виртуелна компјутерски-генерирана 3D визуелизација. Камерата и апликацијата го препознаваат „дигиталниот слој“ на резимето и го прикажуваат во проширената (аугментирана) реалност на компјутерот.

Прочитај повеќе

Марк Лукас направи интересен концепт користејќи ја веб камерата и проширената реалност за да ги најде и гледа 3D моделите сместени како код во печатена книга. Се уште немам сретнато таква книга која содржи 3Д модели, кои според Марк Лукас обично се наоѓаат во CD кое доаѓа заедно со книгата. Но, не ме ни изненадува денес разни прирачници и технички книги да имаат 3Д модели за подобро да прикажат слики. Па зошто да се искористат CD-а и да се пребарува правиот модел, кога може да се искористи веб камерата и проширената реалност.

Прочитај повеќе

Тwinkle е проект за користење на проширена реалност за интеракција со реалниот свет. Во оваа демо истражувачите од Универзитетите на Токио и Кио го користат Twinkle како вид на игра, користејќи проектор, сензор и видео камера за да проектираат мало човече кои се шета низ реалниот свет препознавајќи ги границите на објектите како и физичките движења.

Прочитај повеќе

Consipracy for Good e прв проект за интеракција на реалниот свет со проширената (аугментирана) реалност. Познат како „трансмедиа“ забава Conspiracy for Good e авантура или модерен трилер во кој е вклучена публиката која преку веб, мобилните апликации и задачи од реалниот живот му помага на активист да открие корпорациски криминал. Проектот е дело од Тим Кринг, креаторт на популарната телевизиска серија Heros, во соработка со Nokia.

Прочитај повеќе

Тissot стартуваше апликација со проширена реалност со која корисниците можат да пробаат околу 28 различни рачни часовници.

Прочитај повеќе

iPhone апликација на веб туристички водич Tripwolf доби опција за прегледување на проширената реалност. Апликацијата содржи информации за 50.000 градови и туристички места, и тоа што е интересно е што работи во офлајн мод, без потреба да трошите интернет за да се ориентирате.

Прочитај повеќе