Ауди платформата Soundcloud објави дека надминаа 10 милиони регистрирани корисници по само четири години од стартувањето во 2008-ма. Сервисот од Берлин кој служи за споделување на музика, имаше 5 милиони корисници пред само осум месеци, во јуни 2011-та година. На DLD конференцијата, ко-основачот Александер Љунг вели дека мобилните апликации и екосистемот на програмери се главниот […]

Прочитај повеќе

Google ги повика програмерите да се приклучат во развој на WebRTC, нова веб технологија за гласовна и видео комуникација на мрежата, која ќе биде додадена во Chrome и која, зависно од можностите, можеби ќе биде конкурент на Skype кој беше купен од Microsoft за неверојатни 8.5 милијарди долари што предизвика незадоволство кај многу корисници.

Прочитај повеќе

Првиот подкаст на Комуникации.нет е достапен за слушање на нивниот блог. Во подкастот ќе ги чуете @darko156, @kuzevski и @sead93 кои ќе дискутираат, во оваа прва епизода, за што е подкаст, за друштвените медиуми и за други актуелни ИТ општествени теми и комуникациски теории.

Прочитај повеќе

Mozilla Labs на својот блог пишува дека работат на додаток за прелистувачот кој не само што ќе пушта аудио и видео, туку ќе има можност и да ја сними содржината. Додатокот со име Rainbow им дозволува на развивачите да пристапат до хардверското видео и аудио снимање со неколку линии на JavaScript код.

Прочитај повеќе

Koристејќи го неодамна претставениот YouTube Editor сега можете да ги едитирате вашите видеа кои ќе ги закачите на сајтот. Ова е мал туторијал за како се средуваат видеата, како се спојуваат и сечат клипови, се додава аудио и текст.

Прочитај повеќе

Muziboo е сервис за закачување аудио фајлови онлајн и нивно лесно споделување, пример, можете да ги споделите на некоја од друштвените мрежи, Facebook, Twitter, можете да ги вметнете (embed) аудиото во вашиот сајт или да го пратите на пријател да го симне тоа музичко парче.

Прочитај повеќе