Како и своите конкуренти Apple ќе овозможи синхронизација на Fаcebook контактите во iPhone, пренесува Business Insider, додавајќи дека тоа ќе биде откриено на 7 јуни на Apple конференцијата за девелопери каде ќе се престави и новиот iPhone.

Прочитај повеќе

Главниот аргумент зошто Adobe се повлекува од Apple е што Apple поставува правни услови на девелоперите, вели Кевил Линч, главниот за технологија на Adobe, во краток блог пост, во кој одговори на вчерашното отворено писмо на Стив Џобс.

Прочитај повеќе

200.000 апликации на Apple App Store докажуваат дека Flash не е неопходен за десетина илјади девелопери да креираат графички богати апликации, вклучувајќи ги и игрите, вели Стив Џобс во отворено писмо во кое објаснува зошто Flash го нема на Apple-овите мобилни уреди.

Прочитај повеќе

ИТ компаниите IBM, Apple и Microsoft на чело со Google остануваат на првите места на листата „100-тe највредни брендови“ на Milward Brown, одел за маркетинг истражувања на WPP.

Прочитај повеќе

Како би реагирал вашиот дедо или баба на најновиот мобилен или на таблет PC како Аpple-овиот iPad? Колку време ќе им треба да сфатат како да го користат и зошто служи уредот? Како ќе ја разберат денешницава споредувајќи ги со тогаш-актуелните изуми?

Прочитај повеќе

ИТ блогот Gizmodo го рецензираше iPhone 4G неколку месеци пред официјалната најава за уредот. Gizmodo платил 5.000 долари да го добие примерокот за кој се вели дека Apple-ов инжинер го изгубил во бар, и сега Аpple си го бара назад заканувајќи се со тужба.

Прочитај повеќе

Apple конечно сфати дека ако другите можат да имаат мулти-таскинг опција, тогаш може и нивниот iPhone. „Moжеби не сме први, но ќе бидеме најдобри.“ рече Стив Џобс, директорот на Apple при преставувањето на новиот iPhone 4.0 oперативен систем.

Прочитај повеќе

Slate е новиот таблет PC од HP кој моментално е директен конкурент на Apple-овиот iPad.

Прочитај повеќе

Apple објави дека во првиот ден од продажбата на нивниот таблет се продадени над 300.000 iPad-и во Америка. iPad чини од 500 до 800 долари, зависно од спецификациите, додека за европскиот пазар се уште не е објавена цената. Apple додаде дека новите iPad корисници симнале и над 1 милион апликации за уредот, и над 250.000 е-книги купени од новиот iBookStore, продавница за електронски книги.

Прочитај повеќе

Холандската фирма Distimo ја објави својата презентација од Светскиот конгрес за мобилна технологија во која ја разгледува состојбата на продавниците за мобилни апликации. Нивната анализа го потврди фактот дека Apple е крал на мобилните апликации со над 150.000 апликации за разлика од Android кој има само 20.000 апликации. Интересен податок е што од 150-те илјади iPhone апликации дури 58% од нив се видео игри, а 18% се за забава.

Прочитај повеќе

Во Барселона се собраа над 1.300 компании и околу 50.000 посетители од целиот свет чиј интерес е напредокот и развојот на мобилната технологија. Од самиот старт на Светскиот конгрес за мобилна технологија се најавија интересни партнерства пред се на Intel со Nokia, Vodafone го најави најефтиниот мобилен кој чини само 15 долари, а се формираше алијанса од 24 оператори со цел да му конкурираат на Apple App Store. Интересно, Apple нема да присуствува на овогодинешниот настан.

Прочитај повеќе

Стив Џобс конечно го претстави таблет компјутеротiPad. Со таблетот ќе можете да читате новини, да гледате филмови, слушате музика, прегледувате слики, да споделувате на друштвени мрежи… целиот интернет на дланка т.е на 7 инчен екран со допир со харддиск од 16,32 и 64 гигабајти. iPad е 1.5cm тенок и тежи помалку од килограм. Батеријата му држи скоро 10 часа. А колку чини? Цената се движи од 500 до 800 долари зависи од просторот и можноста за WiFi и 3G.

Прочитај повеќе