Која е најдобрата продавница за хардвер, најдобра според квалитетот на робата, цената и според сервисот и услугата? Форумџиите стартуваа интересна анкета која прерасна во дискусија за продавниците споделувајќи го своето корисничко искуство.

Прочитај повеќе

BBC на македонски објави интересен текст за како 10 отсто од учесници на анкета рекле дека ќе ја слават Нова година на Facebook. Десет отсто од 800.000 корисници значи дека ќе биде добра журка!

Прочитај повеќе

Eдна третина од интернет корисниците мислат дека скоро секој веб сајт претставува некаква опасност, покажува анкетата на германската безбедносна фирма Avira.

Прочитај повеќе

Со 209 гласа Android е омилениот мобилниот оперативен систем на читателите на It.com.mk. Од 586 гласови Android доби 36 отсто или 209 гласа, и се најде пред iPhone ОС (сега iOS) кој доби 142 гласа односно 24 отсто, односно пред Symbian кој доби 114 гласа односно 19 отсто.

Прочитај повеќе

Дали користите локализиран софтвер на македонски. Доколку не го користите, а постои локализирана верзија, зошто? праша HijackHacker на форумот.

Прочитај повеќе

Иако македонските интернет корисници ретко ги посетуваат онлајн продавници барем еднаш, сепак истражувањето на New Moment за интернет трговијата покажува дека граѓаните често ги посетуваат онлајн продавниците за да се информираат за производи.

Прочитај повеќе

Анкетата е мотивирана од текстот на BBC каде 79% од луѓето ширум светот веруваат дека интернетот е основно човеково право. Во нивната анкета беа изоставени македонските корисници па затоа поставивме наш прашалник – „Дали интернетот е основното човеково право?“
 
Резултатите се дека 81.1 отсто од 238 посетители (или 193 посетители) веруваат дека интернетот е основно човеково право. Од нив 8 отсто веруваат дека секој човек мора да има можност да чита и да споделува информации. Можеби најголемиот аргумент е што интернетот дозволува глас на луѓето, секој да може да си го каже тоа што го мисли.

Прочитај повеќе

Онлајн продавниците се доста атрактивно нешто. Нема потреба од шетање низ продавници, туку едноставно од дома пред компјутер си одбирате што сакате, го нарачувате и го имате. Но се чини дека македонските корисници не се баш наклонети кон овој растечки тренд. Според Заводот за статистика македонските корисници го користат интернетот за забава, комуникација и информирање. Само мал број, 8 отсто, од нив користат интернет за купување/продавање преку интернет.

Прочитај повеќе

Анкетата за 100-те највлијателни личности во технологијата, владеењето, науката и уметноста на Time привлече милиони гласови на листата на највлијателни, но ги привлече и хакерите. Прв на листата се најде moot, алијасот на Кристофер Пол, oсновачот на 4chan форумот, со помош на хакерски методи. Се започнало кога луѓето од 4chan го приметиле името на листата. Кристофер Пол се најде на листата поради неговото влијание, односно влијанието на 4chаn.org за ширење на информациите и содржината на интернет. 4chen е на листата на топ 100 најпосетени сајтови според Alexa, а често се наоѓал и меѓу 50-те топ сајта.

Прочитај повеќе