Vip Android предизвикот е натпревар за креирање Android апликации. Сите девелопери од Македонија се поканети да учествуваат во натпреварот, а најдобрата апликација ќе добие 500.000 денари и HTC Desire мобилен телефон. Второто место ќе добие 150.000 денари и HTC Legend, а сите одобрени апликации од Android Store ќе добијат HTC Tattoo.

Прочитај повеќе

Nexus Оne e првиот телефон на Google со кој гигантот директно  навлезе на пазарот на мобилни телефони. Благодарение на фактот дека телефонот е брендиран со логото на Google, Nexus One инстантно го доби вниманието на голем број медиуми и интернет корисници. Паметниот телефон е изработен од тајванскиот производител HTC и очекувано доаѓа со мобилниот оперативен […]

Прочитај повеќе

Square е апликација за трансакции преку мобилен телефон која од денес е достапна за iPhone и Аndroid. Идејата е едноставна. Вие сте во ресторан и е време да платите, преминувате со кредитната картичка преку малиот коцкаст читач закачен на мобилен телефон на трговецот, трансакцијата се процесира, се потпишувате на мобилниот, можете да го сликате тоа […]

Прочитај повеќе

Кој вели дека iPhone OS, Android и Windows Mobile не можат да се спојат? прашува девелоперот Steffest при тоа држејќи во рацете гитара составена од 5 паметни телефони: 2 Andorid уреди, 2 Windows Mobile уреди и eден iPod Touch. Секој телефон има своја музички базирана апликацијата, секоја поврзана со звучници кои се трупот на гитарата.

Прочитај повеќе

Google Goggles е апликација за Android 1.6+ мобилните телефони која користи слики за да го пребарува интернетот. Пример, во уметничка галерија сте, со вашиот телефон сликате уметничко дело и со помош на Goggles го пребарувате Google за историјата и авторот на делото.

Прочитај повеќе

На Web 2.0 Expo кој е моментално во тек во Сан Франциско, Аdobe претстави прототип на таблет PC кој што работи на Android и подржува Flash и Аir апликациите.

Прочитај повеќе

Google ја купи BumpTop Теchnologies Inc. компанијата зад BumpTop апликацијата која го претвара стандардниот десктоп во 3D работна табла на која фајловите ги следат физичките правила како да се документи на реална работна маса.

Прочитај повеќе

Холандската Layar ја стартуваше првата продавница за мобилни апликации со проширената реалност нудејќи им можност на девелоперите преку Layar Reality Browser да понудат платено искуство во проширената реалност на повеќе мобилни платформи како iPhone или Android.

Прочитај повеќе

iPhone Dev тимот успеа да го хакне iPhone и при стартување на телефонот, кој сега е dual-boot, се добива опција за избирање на оригиналниот Apple-ов iPhone оперативен систем или комплетно функционален Android, Linux базиран ОС, преку кој се праќаат СМС пораки и се вртат телефонски повици.

Прочитај повеќе

Германската компанија Neofonie GmbH го престави WePad, таблет PC, за кој најавија дека може со својот погoлем екран, веб камера и USB порт, да му конкурира на Apple-овиот iPаd кој беше преставен пред некое време.

Прочитај повеќе

Ако пред само година-две беше реткост да се забележат паметни телефони (smartphones) кај македонските корисници и се чувствуваше степен на ексклузивност кога некој имаше iPhone или последен модел на Nokia или BlackBerry, денеска сликата на македонскиот пазар е сосема различна. Благодарение на достапноста на уредите и се по-„смарт“ корисници, овој вид на телефони се во многу џебови и очигледно според сите очекувања и самата побарувачка бројката само ќе расне и понатаму со забрзано темпо.

Прочитај повеќе

Холандската фирма Distimo ја објави својата презентација од Светскиот конгрес за мобилна технологија во која ја разгледува состојбата на продавниците за мобилни апликации. Нивната анализа го потврди фактот дека Apple е крал на мобилните апликации со над 150.000 апликации за разлика од Android кој има само 20.000 апликации. Интересен податок е што од 150-те илјади iPhone апликации дури 58% од нив се видео игри, а 18% се за забава.

Прочитај повеќе