Друштвената мрежа ја стартуваше опцијата со која може да се постават пермисии на различните администраторите кои водат една страна, пишува InternetMarketing.com.mk. Со оваа новина Facebook конечно ќе го реши проблемот што дозволува било кој администратор лесно да ја киднапира страната од сопственикот. Новата опција овозможува да се постават 5 различни улоги на администраторите со кои […]

Прочитај повеќе

Google направи неколку промени и подобрувања на опциите на својата друштвена мрежа со цел да привлече повеќе корисници. Се чини дека нема подобро време од сега за нови нешта, бидејќи има доста негодувања против ново-стартуваниот Facebook Timeline. Google ја претстави Volume Control опцијата која иако асоцира на контрола на гласност, сепак се однесува на опција […]

Прочитај повеќе

Безбедносен пропуст на Facebook овозможува еден администратор да ја киднапира фан страната од тој што ја креирал и што го поставил администраторот, пишува безбедносната компанија Sophos, иако според „Условите за користење“ нa Facebook, ова не смее да се случи, односно оригиналниот креатор на страната никогаш не може да биде тргнат од позицијата администратор на таа […]

Прочитај повеќе

Поголема прегледност на статистиките на секоја од страниците која се администрира, јасен приказ на вкупниот збир на фанови на страницата, како и инстантно информирање за активности на страницата, се само некои од придобивките кои ги нуди новата опција за следење на активностите и администрирање на Facebook страниците.

Прочитај повеќе

Facebook дојде до добра идеја да ги истакне нотификациите за фан страните на кои сте администратор, истакнувајќи ги од десно на страната, без да мора да се префрлувате.

Прочитај повеќе

Facebook го надградија својот Comments Box Plugin кој го користат останатите страници за да се поврзат со Facebook. Новини се што отсега ќе гледате повеќе информации и слика до коментарот на корисникот логиран со Facebook, има подобрени опции за модераторите и, како главната промена, отсега можете да одберете тоа што сте го искоментирале на надворешен сајт да се појави на вашиот профил и во фидот на вашите пријатели.

Прочитај повеќе

Фан страните на Facebook го добија новиот дизајн кој беше достапен за личните профили веќе некое време. Со новиот дизајн фан страните ги добија петте најнови слики под основните информации, што е можност за креативност, табовите се ставени лево, поистакната е бројката на фановите, а од десно има повеќе место за рекламите… исто како и кај личниот профил.

Прочитај повеќе

Друштвената мрежа стартуваше нови, подобри опции за администраторско менаџирање на фан страните. Сега контролата која ја имате врз вашата страната ќе ја спроведувате преку поедноставен интерфејс со кој „администраторите ќе гледаат и пристапат до сите аспекти на менаџерот за страни без да скролаат надолу“ вели Facebook.

Прочитај повеќе

Со оглед на тоа што сега Министерството за информатичко општество ќе организира ИТ обуки за невработени, па би сакал општо мислење особено за оние обуку поврзани со мрежи, прашува MarjanS.

Прочитај повеќе

Кога го стартувате Windows, оперативниот систем кој се користи од неколкумина корисници потребна ви е лозинка за да влезете во Windows-от. Влатко Дојчиноски, или FuUuUzZzZy, како што е познат на форумот, склопи одличен туторијал како да се пробиjaт тие лозинки вклучувајќи го и административниот профил т.е. профилот со кој може да се променува оперативниот систем, пример: да се инсталираат едни програми, а да се бришат други.

Прочитај повеќе

Во денешно време сите користиме голем број на сервиси (е-маилови, блогови, форуми и др.) кои од нас бараат користење на корисничко име и лозинка. Просечен интернет корисник може да има и над 5 кориснички имиња и лозинки кои секојдневно ги користи. Со цел да ја заштитите вашата приватност и да бидете барем малку сигурни дека вашите лозинки нема да бидат откриени на лесен начин од хакерите придржувајте се до следниве неколку совети:

Прочитај повеќе