Skype Toolbar додатокот за сите верзии на Firefox е деактивиран заради успорување на прелистувачот. Според Mozilla, во последната недела дена имало 40.000 срушувања на прелистувачот токму поради овој тулбар. Иако ова е проблем со тулбарот, Mozilla вели дека „просто кажано, на корисниците може да им се причини дека Firefox e спор.“

Прочитај повеќе

DownThemAll е популарен Firefox додаток, односно менаџер за полесно и побрзо симнување на слики, линкови, видеа и текст од сајтови кој има околу 2.2 милиони дневни корисници. DownThemAll помага да се симнуваат елементите без страв дека симнувањето ќе се прекине, односно има опции за паузирање и подоцна продолжување на симнувањето.

Прочитај повеќе

Прочитавме дека Google Instant ќе биде овозможен за Chrome и бидејќи не сакавме да чекаме и бидејќи го сакаме Firefox го направивме InstantFirefox додатокот, вели Коби Меначеми.

Прочитај повеќе

Многу бргу откако Google го претстави од Chrome на Phone, се објави и од Fox на Phone додатокот. Двата додатока за двата прелистувачи функционира исто, значи имате едно копче и со него префрлувате линковите од прелистувачот до Android телефонот. Со FoxToPhone ќе можете да префрлувате линкови на телефонот само со еден клик и ќе можете да префрлувате делови од текст на телефонот.

Прочитај повеќе

Eдно од најзабавните нешта со Firefox е можноста да се персонализира прелистувачот и тоа функционира перфектно. Mozilla објави дека се симнати над 2 милијарди! додатоци за Firefox, а над 150 милиони се користат секој ден.

Прочитај повеќе

На многу луѓе им се допадна новиот дизајн на Google со истакнатото странично мени. Но… многу луѓе исто така се незадоволни од ре-дизајнот, пред се поради страничното мени кое не може да се скрие. Сепак не очајувајте, затоа што има додаток за Firefox и Chrome како да го контролирате тоа мени.

Прочитај повеќе

0.mk стартуваше додаток за Mozilla Firefox. Со додатокот можете лесно да скратите еден линк. Откако ќе се инсталира, додатокот ќе го најдете на менито на десното дугме на глувчето. Одлично е што „Скратете со 0.mk“ e oбоен во плаво па се лесно приметува. „Скратете со 0.mk“ се наоѓа и најдолу десно на Firefox.

Прочитај повеќе