Тајванската Acer го претстави 10-инчниот (25cm) Iconia Tab A500 кој ќе работи на Android оперативен систем и има Nvidia Tegra-2 dual-core 1Ghz процесор. Таблетот ќе има HDMI порт, ZTE LTE безжичен модул, ќе поддржува Flash 10.1 и ќе има вграден Clear.fi систем за лесен пристап до мултимедија и нејзино споделување меѓу домашниот и мобилниот уред. Нема детали за резолуција на екранот, само е најавено дека Iconia Tab A500 e дизајниран за „HD забава“. Претпоставка е дека таблетот ќе чини меѓу 600 и 800 долари.

Прочитај повеќе