Instagram за iPhone надмина 5 милиони корисници, односно 625.000 корисници по месец откако постои апликацијата. Преку стартапот во осумте месеци од кога е стартуван се има споделено 95 милиони фотографии, по 860.000 на ден. Aпликацијата за споделување и модифицирање на фотографии има по 1.25 милион корисници за секој вработен во Instagram, односно стартапот има само 4 вработени.

Прочитај повеќе

Интересната новина во iOS 5 е Twitter интеграцијата и систем од нотификации кои кога ќе се случи нешто ќе се појавуваат на врвот на iOS екранот без да го прекинуваат користењето на апликациите. Со извлекување на горниот дел ќе може да се прегледаат сите нотификации, што е слично со Android уредите. Нотификациите ќе се појавуваат и на почетната страна за отклучување на iPhone и другите iOS уреди. На тој екран сега ќе можат да се поставуваат виџети за следење на имејл или резултати во живо.

Прочитај повеќе