Според истражувањето за активност на политичките партии на Интернет, три партии немаат сопствен сајт, другите пак се активни на Facebook за промоција на настаните и политичката пропаганда, а присуството на Тwitter е мало. Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Институтот за демократија Социетас цивилис – Скопје (ИДСЦС) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) во април 2011 г. направија истражување во кое се прикажува моменталната состојба (заклучно со 25 мај 2011 година) на интернет-страниците на партиите и коалициите кои учествуваат на парламентарните избори 2011.

Прочитај повеќе